Новиот предизвик на ТикТок причина за смртта на уште едно дете во соседството?

По смртта на десетгодишното девојче во Палермо, како последица од новиот предизвик на ТикТок, српските медиуми шпекулираат дека и десетгодишното момче во соседна Србија, случајно се обесило играјќи Blackout Challenge на оваа мрежа.

0
95

Откако неодамна во Палермо, на Сицилија, како последица од задушување почина десетгодишно девојче, вчера, во стан во Раковица, во соседна Србија било пронајдено мртво и едно десетгодишно момче кое наводно, случајно се обесило додека играло Blackout Challenge на мрежата ТикТок.

Според Кurir.rs, момчето било само во станот, додека родителите биле во продавница. Кога се вратиле, тој не ја отворал вратата, па повикале полиција и пожарникари кои влегле преку терасата и го нашле детето обесено на кревет на спрат. Од почетокот имало сомнеж дека до смртта дошло случајно за време на игра, а сега се верува дека детето всушност го играло новиот предизвик на социјалната мрежа ТикТок.

Овој предизвик подразбира деца да стават ремен околу вратот, да го затегнуваат и тоа да го снимаат на мобилен телефон додека не се онесвестат.

Светските медиуми апелираат да се пријави секој налог на кој ќе биде споделен Blackout Challenge.

Фото: Pixabay

loading...