Нови апликации на кои би требало да припазат родителите на тинејџери

Новите апликации и социјалните мрежи се создаваат секој ден. Полицијата редовно ги предупредуваат родителите да бидат внимателни.

0
124

Додека повеќето родители се запознаени со Фејсбук, Инстаграм, Твитер или Снепчет, нови апликации и социјални мрежи се создаваат секој ден. Полицијата редовно ги предупредува родителите да бидат внимателни, осбено на онлајн предаторите, односно сајбербулингот.

Ова се апликациите на кои треба да се обрне внимание:

  1. Calculator+

    Оваа апликација изгледа како калкулатор, но всушност е скриена база на фотографии. За да влезете во скриените видеа би требало да впишете четирицифрена лозинка.


  2. Omegle

    Оваа веб страница служи за муабетење со непознати. Омега спојува по случаен избор двајца анонимни корисници кои потоа, преку видео или пораки, комуницираат.
  3. Yubo

    Оваа апликација е слична на Tinder, но за тинејџери. Можете да одбирате корисници со кои сакате да бидете пријатели, а потоа да направите лајф видео канал на кој можете да зборувате со четворица избрани корисници.

  4. Whisper

    Оваа социјална мрежа им овозможува на корисниците анонимно да споделат некоја тајна или совет. Фотографии, пораки или видео пораки се споделуваат анонимно, но се што е споделено на Whisper може да се преземе и да се споделува понатаму на другите социјални мрежи.

  5. Ask.fm

    Поставувате прашање (анонимно или не) и чекате одговори. Оваа апликација е поврзана со бројни случаи на сајбербулинг и неколку случаи на самоубиства на тинејџери. Онлајн петициите за укинување на оваа страница собрале илјадници потписи.

  6. Hot or Not
    Hot or Not функционира такашто ќе поставите своја фотографија, а другите оценуваат колку сте привлечни. Преку оваа апликација можете и да се допишувате. Исто така, апликацијата има и листа на најпривлечни лица во вашето соседство.
  7. Burnbook

    Burnbook служи за ширење на анонимни трачеви за луѓето преку пораки и фотографии. Оваа контроверзна апликација ги полнела насловните страници на сите американски медиуми затоа што е поврзана со бројни случаи на злоупотреба на тинејџери во основните и средните училишта.

  8. Wishbone

    Оваа апликација е особено популарна помеѓу девојчињата, а се користи за споредување на облеката, шминката, изгледот. Откако некој ќе постави своја фотографија или фотографија од некој свој предмет, останатите корисници можат да го коментираат тоа или да испраќаат директни пораки.

  9. Kik

    Kik e апликација за допишување која гарантира анонимност. Популарна е за сексулано допишување па зборот „kik“ станал синоним за секси пораки.

loading...