Нови насоки: бебињата смеат да јадат јајца од 4 месеци

Според новите насоки на Американското здружение на педијатри, во исхраната на децата би требало да се воведува токму онаа храна која се смета за алерген, затоа што постојат докази дека раното воведување, на пример, на кикирики во исхраната на децата на возраст од 4 месеци всушност може да го спречи развојот на алергија на таа намирница.

0
171

Американското здружение на педијатри ги објавило новите насоки за редоследот на воведување на намирниците во исхраната на сосема малите деца. Досега се забрануваше, а од сега се препорачува јајца, риба, млеко и кикирики да се даваат уште од четвртиот месец.

„Голема и важна вест е воведувањето на храна која претходно била на листата од алергени“, рекол д-р Френк Грир, коавтор на студијата која ги сумира резултатите од последните истражувања за алергиите на храна и носи нови смерници за педијатрите.

Во исхраната на децата би требало да се воведува токму онаа храна која се смета за алерген: кикирики, риба, млеко, јајца, затоа што постојат докази дека раното воведување, на пример, на кикирики во исхраната на децата на возраст од четири месеци всушност може да го спречи развојот на алергија на таа намирница.

Американската академија на педијатри во 2000.година препорачувала одложување на воведувањето на кравјо млеко додека децата не наполнат една година, јајца до втората година од животот, а кикирики и други јаткасти плодови и риба, до третата година.

Фото: Unsplash

loading...