Новопечен татко составил список со правила за гостите и налутил многумина

Еден новопечен татко својата задача на заштитник на семејството ја сфатил премногу сериозно. Имено, тој подготвил за своите гости список на строги правила што мора да ги следат ако сакаат да влезат во нивниот дом и им ги испратил на имејл. Дали вие сте направиле нешто слично?

0
677

Доаѓањето на нов член во семејството предизвикува многу емоции, а многу родители наеднаш ја откриваат нивната (пре)заштитничка страна.

Но, најголемиот дел од конфликтот се однесуваат на прашањето кога да им се дозволи на гостите да дојдат да го запознаат бебето. Иако на многу родители во првите денови од нивниот родителски стаж не им е многу до дружење со луѓето, повеќето со насмевка на лицето ги „одработуваат“ овие средби без премногу драма. Во најдобар случај, тие ги замолуваат пријателите и семејството да почекаат барем уште малку со посетите.

Сепак, еден новопечен татко својата задача на заштитник на семејството ја сфатил можеби малку премногу сериозно. Имено, тој подготвил за своите гости список на строги правила што мора да се следат. Во спротивно, нема да им биде дозволено да влегуваат во нивниот дом.

Претпоставувате, неговиот список не беше поздравен со премногу ентузијазам.

Како што напиша на „Редит“, неговите родители се „многу старомодни и мислат дека е подобро да му дозволат на детето да јаде нечистотија отколку да го вакцинираат“, и тоа е една од причините зошто ним, и на сите други, одлучил да им забрани да доаѓаат во болница веднаш по раѓањето на неговиот син. Меѓутоа, кога малку попуштил и сфати дека треба тие кога тогаш ќе мораат да го сретнат својот внук, тој им испратил имејл со детален список на правила до кои мора да се придржуваат.

„Замолив никој што е болен да не доаѓа во посета, како и да не доаѓаат деца под 18 години, затоа што се училиштата полни со вируси. Покрај тоа, бидејќи мајка ми е тежок зависник од парфеми, ги замолив сите да не ставаат силни парфеми или воопшто да не ставаат. Додадов и некои други работи, ги замолив луѓето да ме известат во кое време би сакале да дојдат и ги замолив да дојдат исклучиво од 9 до 17 часот. Тие можат да останат до еден час и да не носат подароци“, наведува тој неколку од правилата што го нашл своето место на спорниот список.

Загрижениот татко признал дека на момент му се видело дека претерал со реакцијата за момент, но неговата сопруга го прегледала имејлот пред да го испрати и одлучила дека е сè во ред. Сепак, неговите родители, исто како и родителите на неговата сопруга, одлучиле правилата да не важат за нив и дошле ненајавени, пренесува The Sun.

Поточно, неговите родители се појавиле околу пладне, кога двојката веќе имала гости, па затоа било побарано да чекаат надвор од куќата сè додека „не стасаат на ред“. Еден час подоцна, додека тие сè уште биле во куќата, се појавиле другите баба и дедо и со себе го донеле и внукот.

„ Mојата сопруга им рече дека не можат да го внесат момчето, што го натера да плаче. Мајка ѝ не прекори затоа што не им дозволуваме на децата да го видат бебето, а мојот татко заклучи дека го држиме бебето под стаклено ѕвоно”, се потсетува новопечениот татко.

Меѓу другото, тие ги нарекле ладни и безобразни и посочиле дека испраќањето на имејл е сосема непотребно. На ова, новопечените родители ги замолиле сите да ја напуштат својата куќа, а мајката на жена му рекла дека „ако не омекне, никогаш повеќе нема да дојде кај нив“.

После тоа, неговата сопруга се премислила.

„Mојата жена ја смени песната и сега мисли дека сум премногу воинствен. Јас навистина не мислам дека сум згрешил со поставувањето граници, а фактот што тие не сакаат да се придржуваат до нив, зборува доволно за нив“, заклучува овој татко.

Речиси 500 корисници ја коментирале неговата објава, и иако имало некои кои сметаат дека е целосно во право затоа што „неговото дете е негово, а негови се и правилата “, многумина сметаат дека тој се однесувал како вистински „шупак“. Дури и оние кои не се сигурни што мислат за неговите правила, се убедени дека не би му дошле на гости после таков имејл. Што мислите вие за ова?

Фото: Pixabey

loading...