Ново нарушување во исхраната кај тинејџерите – АРФИД

Во тинејџерскиот период од животот повеќето деца се склони кон разни експерименти, бунтови и нарушувања во исхраната. Неодамна се појави ново, чија кратенка е АРФИД (ARFID).

0
126

ARFID ( avoidant restricted food intake disorder) е нарушување во исхраната кое подразбира пребирливост или консумирање само на одредени намирници. Иако повеќето од нас се среќаваат со пребирливци кои не сакаат да јадат разновидна храна, генерално веруваме дека ова е фаза што ќе помине и дека не треба да ѝ посветуваме толку внимание. Експертите не се согласуваат со тоа, па го карактеризираа овој феномен како нарушување во исхраната што најчесто се појавува кај децата-тинејџери.

Ова нарушување е сосема различно од булимија или анорексија, нарушување во исхраната за кое сме чуле, но сепак е нарушување и не треба да се игнорира. Ако вашето дете со години јаде само одредени намирници и не сака да проба ништо ново, можеби ќе треба да се запрашате што е всушност проблемот.

Децата кои страдаат од ова нарушување на некој начин имаат страв од храна.

АФРИД не е толку редок колку што можете да помислите, но родителите честопати не сакаат да прифатат дека може да има проблем и едноставно ги карактеризираат своите деца како пребирливци па се обидуваат да ги задоволат. Најголемиот проблем со ова нарушување е што ако не се лекува и не се препознае на време, може да доведе до оние пострашни форми од кои сите се плашиме, а тоа се анорексија и булимија, но за разлика од децата кои страдаат од нив, децата кои имаат АРФИД немаат проблем со нивната телесна тежина и изглед.

Како да го препознаете АРФИД?

Обрнете внимание на тоа дали вашето дете има силна одбивност кон одредена храна и дали јаде ограничен број на намирници. Во повеќето случаи, децата кои страдаат од ова нарушување јадат само неколку намирници и најчесто тоа е утешна храна: пица, помфрит, палачинки, корнфлекс … Кога станува збор за овошје и зеленчук, тие се исто така многу пребирливи и јадат само неколку видови под посебни услови, како што се јаболка без лушпа, свежи моркови.

АРФИД може да резултира со вознемиреност и депресија, а излегувањето и јадење надвор може да биде многу непријатно искуство. Затоа е многу важно да го забележите на време, да разговарате прво со детето, а потоа со експерт и да го пронајдете најпогодното решение.

Откако ќе се постави вистинската дијагноза, детето веројатно ќе мора да помине низ многу консултации со нутриционисти и психолози додека не го надмине стравот од храна и додека не започне да испробува нови намирници. Со самото тоа ќе исчезнат и сите симптоми на депресија и вознемиреност.

Ако се сомневате дека вашето дете страда од нарушување во исхраната АРФИД, не го игнорирајте проблемот, туку обратете се за совет кај професионалец.

Фото: Unsplash

loading...