Ново опасно пореметување во исхраната

Постојано се раѓаат многу трендови кои се чисти докази за тоа во каков пореметен свет живееме. Така неодамна се појавил и оној со кој тинејџерите заболени од дијабетес  се обидуваат да влијаат на својата тежина со прескокнување на терапијата.

0
238

Заболените од дијабетес тип 1 знаат колку им е потребен инсулинот, а тоа го знаат и нивните блиски. Не е претерано ако се каже дека инјекциите кои секојдневно ги примаат им го спасуваат животот. Ситуацијата е токму таква – без нив не би живееле.

Постојано се раѓаат многу трендови кои се чисти докази за тоа во каков пореметен свет живееме. Така неодамна се појавил и оној со кој тинејџерите заболени од дијабетес  се обидуваат да влијаат на својата тежина со прескокнување на терапијата.

Иако знаат дека се животно загрозени доколку не примат одредена доза на лек, младите луѓе заболени од оваа „нова болест“ позната и под името дијабулимија (англ. diabulimia) манипулира со внесувањето на инсулин после оброк богат со јагленохидрати, со цел изедената храна да не им „се фати“, пренесува Health.

Името за болеста е кованица која ги комбинира почетниот назив на болеста од која страдаат овие пациенти и името на брутално тешкото пореметување во исхраната за кое е карактеристично намерно предизвикување на повраќање на тукушто изедената храна – сѐ со цел слабе, станува збор за сѐ почеста појава на „единственото пореметување во исхраната за кое е карактеристично ограниување на инсулинот со цел да се намалат изедените калории“, објаснува д-р Ен Гобел-Фабри, некогашна асистентка на Харвард и авторка на припарчник за превенција и лекување од пореметувања во исхраната.

Во обид да предупреди на сѐ почестото манипулирање со препишаните лекови од страна на пациентите, докторката напоменува дека прескокнувањето на дозата на инсулин после оброкот е „исклучително опасно“ и може да биде фатално. А за ова пореметување, за разлика од анорексијата или булимијата, повеќето луѓе воопшто и не слушнале, додека од дијабетес боледува сѐ поголем дел од светската популација.

„СТанува збор за многу опасно однесување кое може да доведе до разни компликации кога станува збор за оваа болест, како и до намалување на животниот век и прерана смрт“, предупредува Гобел-Фабри.

„Луѓето кои боледуваат од дијабетес тип 1 не произведува инсулин, а тој делува како клуч кој ѝ дозволува на глукозата да влезе во клетките“, објаснува Сузан Херцлингер, специјалист за пореметувања ци исхраната за луѓето со дијабетес.

Глукозата е како гориво на кое вашето тело се движи, а без инсулин, тоа не може да ја користи глукозата од крвта. Кај здравите луѓе, таа работа ја извршува панкреасот. Кај оние со дијабетес тип 1, треба да се инјектира инсулин за да се случи овој процес.

Оние кои боледуваат од пореметувањето во исхраната кое во медицинските кругови е наречено „Диабулимија“ ја одложуваат или во целост ја прескокнуваат инсулинската доза – на тој начин, шеќерот во крвта расте и бубрезите го лачат вишокот глукоза преку урината.

„На овој начин се „чистите“ од она што сте го изеле затоа што шеќерот што сте го изеле не е апсорбиран туку елиминиран“, објаснува д-р Херцлингер.  Ограничувањето на инсулинот го присилува вашето тело да ги „троши“ мастите, па и мусулите, само за да му се овозможи на мозокот да функционира и покрај недостатокот на „гориво“.

Во најдобар случај, ваквата пракса може да ги направи луѓето раздразливи и претерано уморни. Во најло случај, може да биде фатално. Една од потешките последици во случај на покачен шеќер во крвта, а ограниувањето на инсулин е паѓањето во состојба на т.н.дијабетичка кетоацидоза.

Станува збор за состојба во која маснотиите со голема брзина се разградуваат на кетони па ја правата крвта кисела. Во оваа состојба е потребна итна интервенција, па пациентите неретко завршуваат и на интензивна нега:

А не се полесни ни долгорочните последици – со невнимателното земање на инсулин им се нанесува трајна штета на крвните жили, што може да резултаира со губење на видот, гасење на функцијата на бубрезите, па и со дијализа. Можно е да се развие и периферна неуропатија која влијае на слабоста, закоченоста и болката во екстремитетите.

Со тек на време, недостатокот од инсулин може трајно да ги оштети крвните жили.

Колку и да се сите пореметувања во исхраната опасни и тешки за организмот, можно е дека „дијабулимијата“ е едно од пофаталните. Доколку забележите симптоми кај некој во вашата близина, секако обратете се на лекар и побарајте помош.

Фото: rawpixel.com from Pexels

loading...