Ново пореметување во исхраната помеѓу тинејџерите

Тинејџерскиот период од животот за повеќето деца ризичен и во тој период децата се склони кон разни експериментирања, бунтовништво и пореметувања во исхраната. Во последно време се појавило и ново познато како ARFID.

0
159

ARFID ( avoidant restricted food intake disorder) e пореметување во исхраната кое подразбира избирливост или консумирање само одредени намирници. Иако повеќето од нас се среќаваме со пребирливци кои не сакаат да јадат разновидна храна, главно сметаме дека е тоа фаза која ќе помине и дека на ова не треба да му се обрнува преголемо внимание. Стручњаците не се согласуваат со тоа, па оваа појава ја карактеризирале како пореметување во исхраната кое најчесто се појавува кај тинејџерите.

Ова пореметување во целост се разликува од булимијата или анорексијата, но е сеедно пореметување и никако не смее да се игнорира. Доколку вашето дете со години јаде само одредени намирници и не сака да проба ништо ново, можеби би требало да се запрашате во што е навистина проблемот.

Децата кои страдаат од пореметувањето ARFID, на некој начин имаат страв од храна.

AFRID не е толку ретка појава како што можеби си мислите, но родитлте честопати не сакаат да прифатат дека постои проблем и своите деца едноставно ги карактеризираат како пребирливци и се обидуваат да им угодат. Она што е најголем проблем кај ова пореметување е тоа што ако не се лекува и не се препознае на време, може да доведе до до оние страшни облици од кои сите се плашиме, а тоа се анорексијата и булимијата, но за разлика од децата кои боледуваат од нив, децата кои имаат ARFID немаат проблем со телесната тежина и со изгледот.

Обрнете внимание дали вашето дете има силна аверзија кон некоја храна и дали јаде лимитиран број на намирници. Во повеќето случаи децата кои страдаат од ова пореметување јадат само неколку намирници и најчесто е тоа храна од типот: пица, корнфлекс, помфрит, палачинки… Кога станува збор за овоје и зеленчук, повторно се пребирливи и јадат само 2-3 вида и тоа под посебни услови, како што се, јаболко без лушпа, сиров морков.

Како последица, ARFID може да доведе до анксиозност и депресија, а излегувањето по ресторани може да биде многу непријатно искуство. Затоа е важно навреме да воочите, да разговарате со детето, а потоа  со стручно лице и да најдете најдобро решение. Кога еднаш ќе се постави вистинска дијагноза, детето веројатно ќе мора да помине низ многу советувања со нутриционисти и психолози сѐ додека не го надмине стравот од храна и не почне да испробува нови намирници. Со самото тоа ќе исчезнат и сите симптоми на депресија и анксиозност. Ако се сомневате дека вашето дете страда од ARFID, не го игнорирајте проблемот, туку обратете се кај стручно лице за совет.

Фото: Unsplash

loading...