Нов опасен предизвик меѓу тинејџерите (ВИДЕО)

Skull-Breaker Challenge ги залудел тинејџерите, но е исклучително опасен

0
635

Една од моментално најпопуларните социјални мрежи ТикТок има нов предизвик кој масовно го прават тинејџерите, а е опасен по живот.

Јадеа капсули со детергент за перење алишта, голтаа полна лажица цимет во прав, бакнуваа крави… Сето тоа за пет минути слава на интернет и неколку илјади прегледи. Сега е време за нов предизвик кој се прошири преку ТикТок, а се вика Skull – Breaker Challenge. Како што кажува самиот назив, овој предизвик може да доведе до повреди на главата.

Во видеото погледнете како изгледа новиот предизвик:

Тројца луѓе стојат пред камерата, а двајцата од страните скокаат во исто време. Кога ќе скокне тој што е во средината, овие двајца го удираат во нозете за да изгуби рамнотежа и да падне на под, веројатно на грб или на глава. Веќе биле пријавени бројни хоспитализации и повреди на децата кои учествувале во предизвикот, а родителите ја шират својата грижа преку социјалните мрежи.

Медиумите и лекарите ги предупредуваат родителите да внимаваат со што се занимаваат нивните деца и доколку е можно, да ги спречат во овој предизвик.

Фото: Скриншот

loading...