Обувките го попречуваат развојот на мозокот на детето: Нека оди босо

Кога на детето му е дозволено да биде босо, тоа ја чувствува површината на земјата, проприоцепторите реагираат на притисок, а малите нееднаквости на површината по која оди создаваат невромускулна сила, развиваат просторна ориентација, рамнотежа и координација.

0
107

Обувките ги спречуваат стапалата, едни од деловите на телото кои се најбогати со нерви, да испраќаат важни пораки од околината до мозокот и со тоа го спречуваат неговиот развој, вели Др. Кејси Флегал, киропрактичарка и членка на Меѓународното здружение за педијатриска киропрактика.

Додава дека бебињата ги користат петте основни сетила – допир, вкус, вид, слух и мирис, кои испраќаат повратни информации од околината до нивниот мозок и помагаат во развојот на нервниот систем. Но, постојат два други сензорни системи за кои ретко се зборува, а тоа се проприоцептивниот систем и вестибуларниот систем.

Проприоцепцијата ни дава можност да го перцепираме движењето и позицијата на нашето тело во просторот, додека вестибуларниот систем е одговорен за рамнотежа и координација. Развојот на двете споменати сетила во голема мерка зависи од сетилниот влез што го добиваме преку босите нозе, особено за време на детството и адолесценцијата, објаснува д-р Флегал за Natural Child Magazine.

Кога нервните завршетоци во стапалата (проприоцепторите) се активираат со притисок и движење, тие испраќаат сигнали до мозокот кажувајќи како е телото ориентирано.

Колку што е можно повеќе без обувки на разни терени – земја, трева, камења, песок, влажни лисја

„Податоците добиени од проприоцепторите се користат за заштита на стапалата од повреди, но мозокот исто така користи суптилни прилагодувања при одење за да ги заштити коските и зглобовите и да ја зголеми ефикасноста на нашите движења“, објасни д-р. Даниел Хауел, автор на книгата „The Barefoot Book”.

„Обувките ги блокираат овие рецептори во развојот на силни невролошки патеки и врски. Родителите честопати им ставаат на своите деца обувки веднаш штом ќе научат да одат, дури и порано. На овој начин, тие ја спречуваат стимулацијата на проприоцепторите, ги ограничуваат движењата на детето и ги нарушуваат неговата рамнотежа и координација – малите мускули и зглобови во стапалата не можат да се прилагодат на менување на теренот“, вели д-р Флегал.

„Кога на детето му е дозволено да биде босо, тоа ја чувствува површината на тлото, проприоцепторите реагираат на притисокот, а малите неправилности на површината по која одат создаваат невромускулна сила, развиваат просторна ориентација, рамнотежа и координација“, додава таа.

На децата чијашто сензорна интеграција на информациите од вестибуларниот и проприоцептивниот систем е лоша, многу им е тешко да одат без спрепнување или без судирање со луѓе или предмети, мирно да седат на стол, да ја шутнат топката, да скокаат во море, да возат велосипед, да си ги врзуваат чевлите или да се ориентираат во просторот на новото училиште.

Доброто функционирање на вестибуларниот систем е исто така клучно за разбирање на сè што гледаме, односно за разбирање на информациите што ги добиваме преку визуелниот систем. Нашите очи неселективно добиваат визуелни информации од околината, како што прави фотоапаратот, но за она што го гледаме со очите да има некакво значење, неопходно е да се знае во кој однос е со нашето тело.

„Децата кои имаат добар вид, а во исто време им е тешко да ги препишуваат зборовите од училишната табла во тетратка, да го прочитаат текстот без да се „изгубат“ меѓу редовите или да ја напишат буквата В секојпат свртена кон десно, многу веројатно имаат потешкотии во функционирањето на вестибуларниот систем.

Користете ја секоја можност да им дозволите на децата да чекорат боси, ако ништо друго, барем во летниот период.

Фото: Unsplash

loading...