Ова е вистински татко!

Татко игра секоја недела пред болницата во која неговиот 14-годишен син се лекува од леукемија само за да го развесели. Очигледно успева во тоа.

0
158

На социјалните мрежи е објавено емотивно видео на кое татко танцува пред болницата во која неговиот син се лекува од леукемија.

Видеото е објавено на Фејсбук страницата на Детскиот медицински центар Кук во Тексас, а голем број од коментарите покажуваат дека повеќето луѓе се трогнати од гестот на таткото чие момче Ајден се лекува таму од акутна лимфоцитна леукемија.

Според „Метро“, на Ајден болеста му е дијагностицирана на почетокот на пандемијата на коронавирусот, што ја принудило болницата да ги ограничи посетителите за да се намали можноста за заразување на децата чиешто здравје е веќе кревко. Бидејќи посетите за време на коронавирус се ограничени – само на еден родител му е дозволено да биде со детето, а во овој случај со Ајден е мајката Лори. Но, неговиот татко Чак не се откажува од развеселување на својот син.

Во обид да измами насмевка на лицето, Чак секоја недела под прозорецот, на паркингот пред болницата, изведува смешен танц. И покрај неговата болест, Ајден дури и му се придружува во својата соба, а мајката Лори вели дека тоа е само еден од начините на кој таткото и синот ја одржуваат својата врска во овој тежок период.

Видеото е објавено на Фејсбук профилот на болницата кадешто напишале: „И покрај ограничените посети, секој вторник кога Ајден оди на терапија, неговиот татко танцува пред болницата за да го расположи“.

Фото: Фејсбук

loading...