Ова е мојата екс-жена, нејзиниот сопруг, нашите 3 и нивните 2 деца

Кога тој и неговaта поранешна сопруга првично се разделиле, тој не сакал ништо друго освен да го удри нејзиното момче - и двајцата барале полициски придружби за нивните средби со децата. Денеска заедно вечераат. какви се вашите искуства, можете ли да си замислите ваква фотографија?

0
566

Кога Шон Вален и неговaта поранешна сопруга првично се разделиле, тој не сакал ништо друго освен да го натепа нејзиното момче (денеска нејзин сопруг), а двајцата барале полициски придружби за нивните средби со децата.

Горчината била толку длабока, што не можеле да си кажат ниту еден збор еден на друг. Комуницирале само преку адвокатите.

Но, на овој ден, тие го делат лебот.

Шон споделил на Фејсбук срдечен пост во кој накусо ја раскажал својата приказна, кoja брзо стекнала вирално внимание, собирајќи повеќе од 600.000 лајкови и споделувања.

Срочена е едноставно со беспрекорна порака за смела љубов, помирување и исцелителна моќ на „избор“:

Ова се мојата екс-жена и нејзиниот сопруг.

Нашите 3 деца и нивните 2 деца.

Вечерва ме поканија на вечера.

Пред пет години јас и таа моравме да имаме полициска придружба само за да ги земеме и да ги вратиме нашите деца.

Ние комунициравме само преку адвокати.

Само сакав да го удрам нејзиното момче (сега нејзин сопруг).

Вечерва го скршивме и гоподеливме лебот, се насмеавме, си игравме со децата и поминавме одлична вечер.

Никогаш не се откажувајте од пријателите.

Мирот е избор.

Тој е ваш избор.

Не е нивен избор.

Да, но тој прави така и така...

Да, но таа прави така и така

Што прави вашиот/вашата поранешен/поранешна, е ирелевантно.

Вие одбирате како и што ќе кажете.

Вие одбирате како и што ќе правите.

Дури и кога тие се обидуваат да се борат со вас.

Особено кога тие се обидуваат да се борат со вас.

Одберете да создадете мир со тоа што ќе живеете мирно.

Па, вели Шон, тоа е животна лекција од која сите можеме да извлечеме некоја трајна мудрост.

И приказната не завршува тука. Минатиот месец, за денот на мајките, тој објавил уште еден пост посветен на поранешната сопруга и мајка на нивните три деца.

Тој вели:

„Се обидов сè за да ја повредам. Приватни детективи. Наредби за ограничување. Секој збор што можев да го кажам. С….., некои ноќи му се молев на Бога да се преврти со автобус! Бев ЛУТ И ГНЕВЕН. Нашиот развод беше брутален. Се обидовме да се повредиме меѓусебно.

Една од најтешките работи што некогаш сум ги направил во мојот живот е да изградам повторно врска со неа. Да научам повторно да ја сакам. За да ја надминам темнината и демоните што ме прогонуваат … Лудото во целата работа е што тоа што го правев со години не беше за неа или за децата. Тоа беше за мене. Имав (и сè уште имам) многу лутина во мене. Јас сум многу далеку од совршен. Но, можам да го кажам ова со 100% сигурност и знам дека и таа ќе се согласи со оваа изјава. Денеска сум подобар човек. Знам повеќе. Јас требаше да поминам преку сето тоа за да бидам тој што сум денес. Не жалам за тоа. Не жалам за лутите зборови, за стравот и незадоволството. Јас сум тој сум денес поради тоа каков бев вчера. Јас сум добар човек. Јас сум добар татко. Јас сум проклето горд на моето патување и оваа слика ме натера да се насмевнам повеќе од било што на земјата. Затоа што знам дека требаше да се бориме за да стигнеме овде.

Денеска се насмевнуваме. Денеска го делиме лебот. Јас, таа, нејзиниот сопруг и нашите деца.

Лутината е избор мои пријатели. Избрав да бидам луд и лут со години. И ако не го поминев ова, немаше да бидам човекот или таткото што сум денес, и таа немаше да биде мајка каква што е денес. Самер, го сакам и го ценам нашето патување. Од првото писмо што ти го испратив по разводот, до месеците и месеци на испитувања и тестови за да дојдеме до ова, да ти кажам позитивни работи, јас сум благодарен за сето тоа. Некој нема целосно да го сфати нашето патување и тоа е во ред. Оваа слика ја раскажува приказната и денеска сум благодарен човек што имам таква прекрасна жена со која го создадов ова семејство. Среќен ден на мајките. Ти благодарам за се што правиш“.

Фото: Фејсбук

loading...