Ова е најлoшата работа што можете да им ја кажете на внуците

Кога велите 'Сузи е паметна, а Емили е убава, мислите дека сте дале комплимент. Но, сè што Сузи слуша е дека не е убава и сè што Емили слуша е дека не е паметна

0
311

Бабите и бабите и дедовците отсекогаш имаат репутација на оние чија задача е да ги разгалуваат внуците и да ги фалат на сите ѕвона. Но, што ако некои зборови, дури и изговорени со најдобра намера, испаднат сосема погрешни?

Треба внимателно да ги избирате вашите зборови, а експерти од различни области, професионални тренери, советници и терапевти, се согласуваат за тоа што никогаш не би требало да им го кажувате на внуците. Никогаш не ги споредувајте со другите членови на семејството – без разлика дали се тоа нивните родители или нивните браќа и сестри или роднини.

Понекогаш не правите такви споредби свесно или намерно, но на децата може да им звучат така.

„Кога велите ‘Сузи е паметна, а Емили е убава’, мислите дека сте дале комплимент. Но, сè што Сузи слуша е дека не е убава и сè што Емили слуша е дека не е паметна“, објаснува Фелисија Броколо овластен животен тренер.

Слична штета може да се случи и ако ги споредувате децата со нивните родители, дури и кога го мислите тоа како комплимент.

Би можеле да кажеме: Во ова си дури и подобар од татко ти или мајка ти, тој/таа, не беше многу добар готвач, но ти си“, објаснува психотерапевтот и советник за односи Ден Ауербах: „Ова се примери на баби и дедовци кои на своите внуци ги префрлаат недефинираните чувства за своето дете, кое сега е родител. Може да биде многу збунувачко за внучето кое се обидува да воспостави свој идентитет и одеднаш е вовлечено во некаков конфликт помеѓу бабите и дедовците и родителите“.

Покрај тоа, има уште неколку реченици што не треба да ги користите кога комуницирате со внуците:

1. Да си мое дете …
Ако мислите дека ќе бидете подобар родител за вашите внуци од оние што ги имаат, чувајте го тоа за себе. И не само затоа што тоа би можело да му наштети на родителот, туку може да влијае и на децата.

„Бабите и дедовците понекогаш можат да мислат дека знаат повеќе или подобро од нивните деца кога станува збор за родителството“, вели Даниел Фридман, лиценциран советник за ментално здравје во Free Space Counselling.

2. Дали сте сигурни дека сакаш да го јадеш тоа?
Коментарите на бабите и дедовците за навиките на јадење или обликот на телото на нивните внуци можат да влијаат на децата во текот на нивниот живот.

„Имав неколку клиенти кои признаа дека поради критичките коментари на нивните баби и дедовци, тие започнале со хронични диети и развиле недостаток на самодоверба“, објаснува терапевтот Ерин Грамли: „Може да се претпостави дека овие баби и дедовци имале најдобри намери, но критичките коментари за телото можат да имаат долгорочни ефекти кај младите“.

Според Грамли, „уште полошо е ако има финансиски награди за слабеење или посрамување поради изборот на храна, како на пример,„ Дали навистина сакаш да го јадеш тоа, душо?“

3. Не им кажувај на мама и тато
Поттикнувањето на чување тајни ги учи децата на погрешни лекции за искреност и отворена комуникација со најблиските и луѓето на кои им веруваат.

„Подобра алтернатива е да кажете нешто како: Ајде да ја прашаме мама или тато пред да го сториме ова“, вели Џесика Свини, советник за ментално здравје и основач на Sunglow Counseling.

И да, ова важи и за навидум безопасни примери како конзумирање слатки пред ручек затоа што со тоа испраќате порака дека замаглувањето на вистината е прифатливо.

4. Смири се
Исто како и сличните изреки како „не драматизирај“ или „нема причина да се однесуваш така“. Чувствата се реални и кај децата, а бабите и дедовците треба да ги охрабруваат децата да ги искажуваат, пишува Best Life.

Фото: Pexels

loading...