Ова има повеќе ефекти од познатиот „тајм-аут“ метод

Кога родителите размислуваат за дисциплина и за казнување, тие се загрижени затоа што казната е по дефиниција сурова. Но, тоа не е поентата на дисциплината.

0
99

Дали знаевте дека зборот дисциплина потекнува од латинскиот глагол „discere“ што значи да се „научи“, а зборот „казна“ од старогрчкиот збор за „плаќање“ или „пенали“?

Вистина е дека постојат многу начини за спроведување дисциплина и казни на позитивен начин што доследно ќе ги зајакнат границите и навистина ќе им помогнат на децата да научат.

Како дисциплински метод, „тајм-аут“ означува време во кое на детето му е ускратува поттик, награда или внимание. Детето се издвојува од стимулативната и пријатна ситуација во која искажува лошо однесување и накратко се сместува во тивок, здодевен простор што воопшто не е стимулативен и пријатен.

Дури и вистинските ангели од деца понекогаш се однесуваат лошо. Кога децата ја преминуваат границата на убаво, кога се агресивни или кога ќе прекршат некое семејно правило (т.н. „црвено светло“), важно е родителите брзо да го санкционираат таквото однесување со одредени последици.

Tajm-aut (engl. „time out“) е еден од начините да се заузда лошото однесување. Од добра причина, тоа долго беше главен метод на дисциплина за малите деца. Доколку се започне навреме и се спроведе правилно, тајм-аутот е исклучително ефикасен. Но, родителите имаат уште еден начин да го спречат лошото однесување на своето дете – казна, односно пенал.

Што се „пенали“?

Овој вид казна е сличен на методот на тајм-аут. Добро фукционира кај деца од најмалку 2 години старост, а најдобро кај деца од три години и постари. Кога казнувате дете, го казнувате неговото однесување со одземање играчка или некоја привилегија што нему му значи. Казната се однесува директно на неговото однесување

На пример, ако детето се лути и фрла играчки, одземете му ја играчката. Казните што го потиснуваат лошото однесување честопати се нарекува логични последици.

Како функционираат пеналите?

Ако детето упорно ги крши семејните правила или ги игнорира вашите предупредувања, ускратете му ја привилегијата или играчката што е директно поврзана со неговото однесување. На пример, ако детето ја удира својата сестра со кукла, земете му ја куклата и кажете: „Нема удирање. Нема кукла ако удираш“.

Или, ако вашиот двегодишник упорно расфрла песок од дупка со песок, тргнете го од таму и кажете: „Песокот не смее да се расфрла. Нема веќе играње во песок. Да ги измиеме рацете“.

Кога на детето му го одземате она што го сака, некоја привилегија или играчка, објаснете му дека разбирате колку е поврзано со тоа што му го земате, но дека неговото однесување не е во ред.

„На мама не ѝ се допаѓа кога така зборуваш“.

Она што децата го сакаат и што можете да им го ускратите понекогаш сте… вие! На пример, ако вашето дете кажува грди зборови, можете да му кажете: „На мама не ѝ се допаѓа кога го кажуваш тоа. Ми ги пара ушите. Одам во другата просторија и ќе се вратам кога ќе почнеш да кажуваш убави зборови“.

Ако детето секојдневно прави белји, смирено објаснете му која казна ќе следи ако продолжи да ги игнорира вашите предупредувања. „Се сеќаваш кога црташе на ѕидот со фломастери и мама ти рече: Не! Следниот пат кога ќе го направиш тоа, ќе ти ги земам фломастерите на цел ден “.

Индиректно може да му покажете на детето какво однесување очекувате од него со помош на играчки, поточно преку играње улоги со играчки. На пример, мајката меца може да му објасни на мечето што е убаво.

Запомнете!

Кога децата ќе започнат убаво да се однесуваат, не заборавајте да ги наградите затоа што така ги охрабрувате да ги почитуваат правилата.

Фото: Pexels

loading...