Овие пет работи би требало да ги знае секоја трудница

Какво е чувството кога ќе пукне водењакот, како почнуваат трудовите, и други дилеми на сите оние кои наскоро треба да се породат, разјаснува една бабица од британскиот Кралски колеџ

0
202

За да им ги разјасни на жените помалку познатите ситуации на породувањето, една бабица од британскиот Кралски колеџ Мишел Лин објаснила неколку детали кои вреди да се знаат

Какво е чувството кога ќе пукне водењакот?

Често жените не го ни чувствуваат тоа, но забележуваат дека се мокри. Некои чувствуваат како нешто да излетало од нив. Но трудовите не мораат да почнат веднаш по пукањето на водењакот, што е случај кај некои жени, а кајнекоиможе да почне дури и со часови потоа“, раскажала Мишел Лин за Мирор.

Кога излегува слузниот чеп?

Слузниот чеп се наоѓа на влезот од цервикалнот канал. Тој служи како заштита од инфекции во текот на бременоста. Неговото излегување му претходи на пукањето на водењакот, но не мора да значи дека едното ќе оди веднаш по другото. Слузниот чеп може да пукне и со денови порано, дури може и повторно да се создаде, но тој го најавува породувањето“, објаснила бабицата.

Како изгледаат трудовите?

Почетокот на трудовите може да изгледа како менструални болки. Некои жени можатда чувствуваат тешко повлекување надолу длабоко во матката и нозете. Ако е бебето свртено со лицето кон грбот на мајката, тогаш е болката повеќе усмерена кон предниот дел од телото. Ако е бебето свртено со лицето кон предната стана на мајката, тогаш жената обично посилно чувствува болка во р’бетот. Исто така, контракциите можат да се појават на врвот одматката пред жената воопшто да ги почувствува физички“, раскажала Лин.

Што се случува под епидурална анестезија?

Трудниците кои добиваат епидурална анестезија обично мораат да лежат и движењето им е ограничено. Можное губење на чувството во нозете. Епидуралната анестезија влијае и на меурот. Жените можат да искусат потешкотии во препознавањето на сигналите за празнење на меурот па треба да се потсетуваат на тоа. Ако тоа не можат сами, потребно е да се стави катетер“, објаснува Лин и додава ека понекогаш епидуралната може да дејствува само делумно, а понекогаш и воопшто не дејствува.

Што се случува со раната по породувањето?

Околу 85 отсто жени кои родиле вагинално, доживеале некој вид на перинеална траума. Станува збор за оштетувања на вагиналната кожа кои настануваат со спонтано пукање на перинеумот, соепизиотомијата или поради шевовите.

Колку е раната поголема толку подолго ќе ѝ треба да се зацели. Потребно е да се испира вагиналното подрачје со обична вода после секое мокрење, да се суши и често да се менуваат влошки“, советува Лин.

Фото: Pixabey

loading...