Овошните сокови можат да бидат опасни за здравјето на децата

Децата од предучилишна возраст кои пијат многу овошни сокови би можеле да имаат здравствени проблеми, особено со вишокот килограми, предупредува студија од Медицинскиот факултет во Пенсилванија.

0
272

Истражувањето траело неколку години, а опфатило 154 девојчиња од нивната петта година. На 13 години, 14 девојчиња покажале симптоми кои ги ставаат во ризичната група, односно, потенцијални кандидати за срцеви заболувања, мозочен удар или дијабетес тип 2. Сите имале прекумерна тежина, висок крвен притисок и многу високо ниво на холестерол во крвта.

Истражувањето покажало дека нивните родители, од кои повеќето и самите биле во ризичните групи, помалку внимавале на исхраната од оние чии деца не биле во ризичната група. Но, во раното детство, единствената разлика во нивната исхрана е тоа што дебелите девојчиња пиеле многу повеќе сокови од останатите.

Веќе на возраст од девет години, ризичната група пиела секојдневно 50 проценти повеќе зашеќерени сокови од оние од неризичната група. Претходните студии за поврзаноста помеѓу потрошувачката на зашеќерените овошни сокови и прекумерната тежина кај децата дале различни резултати. Досега, Американското здружение за педијатри го застапувало ставот дека на децата треба да им се ограничи внесувањето  на сокови – препорачливо е да се даваат 115 до 140 милилитри на ден за децата од една до шест години.

Фото: Pixabey

loading...