Од депресија боледуваат и деца, но често се толкува како ‘безобразлук’

Депресијата обично се поврзува само со возрасните лица, но не и со децата. Сепак, и малите деца можат да бидат депресивни, дури и бебињата, но кај нив таа состојба поинаку се манифестира, па често останува непрепознаена.

0
373

Педијатрите и матичните лекари, кои најчесто се во контакт со децата и родителите, често не ја препознаваат депресијата кај децата и адолесцентите.

Според детските психијатри, депресијата кај децата има поинаква форма отколку кај возрасните. Таа тешка состојба кај возрасните е проследена со губиток на енергија, интерес, работен елан, нерасположение, соматски болки, а кај децата со лутина и бес, иритабилност.

Сите тие симптоми ги имаат и децата, но за разлика од возрасните кои се повлекуваат, децата против таа состојба се борат со нервоза, иритабилност и лутина. Тоа кај нив се препознава како безобразлук, невоспитаност, а тие всушност се борат против сопственото лошо чувство.

Непрепознаената депресија може да доведе до многу тешка состојба, па дури и да заврши со суицид. Веднаш по сообраќајните несреќи водечка причина за смртност кај децата и младите е самоубиството.

Психијатрите се соочувале со деца кои пробувале суицид на осум години. Некои деца извршиле самоубиство пред десетата година од животот. Тие имаат јасни причини поради кои се обиделе да се самоубијат или се убиле – тоа е незадоволство од училиштето, незадоволство од родителите, од врсничките односи. Црните мисли кај децата треба да ја запалат сијалиќката за тревога кај родителите, дека постои проблем со менталното здравје и дека треба да побараат помош.

Самоповредувањето или обидот за самоубиство се знак за сериозно страдање на младиот човек, кое не е препознаено на време, предупредуваат експертите.

Фото: Pixabey

loading...