Од лабораторијата на тато: 5 експерименти со јајца

Сергеј Урбан е татко со полно работно време на две момчиња кој ја создал Фејсбук страната TheDadLab за споделување на креативни проекти кои секој родител може да ги направи дома со своите деца и да развие жед за знаење и разбирање во нивните мали љубопитни главчиња.

0
57

„Моето име е Сергеј Урбан и јас сум татко со полно работно време на две симпатични момчиња – Алекс и Макс. Сакаме креативна игра, експерименти и, се разбира, едукативни играчки.
Јас ја создадов TheDadLab за споделување на креативни проекти кои можете да ги направите дома со своите деца со што сакам да инспирирам што е можно повеќе  родители како да поминат квалитетно време со своите деца и да развијат жед за знаење и разбирање во нивните љубопитни главчиња.
Ајде да бидеме искрени, родителите никогаш немаат многу слободно време. Затоа, секогаш се обидувам да изнајдам проекти со користење на материјали што секој може да ги најде дома … и, се разбира, активностите да бидат забавни за децата!

Малку за мене … Јас не сум учител или научник, ниту пак имам искуство со снимањето. Тоа едноставно дојде природно за мене откако станав татко. Треба да кажам дека сум многу среќен што имав можност TheDadLab да стане моја работа и да го поминувам цело време на светот со моите скапоцени момчиња, додека добивам неверојатна поддршка од мојата подобра половина и од заедницата“, вели творецот на TheDadLab.

Сергеј Урбан е добитник на наградите Youtube Next-Up, Brilliance in Blogging Awards.

Погледнетеги и испробајте ги овие пет фантастични експерименти со јајца.

EGGsperiments

5 amazing kids science experiments with eggs adults want to do too#TheDadLab #Science #eggs

TheDadLab 发布于 2019年3月11日周一

Фото: Фејсбук

loading...