Од мај, пушењето ќе биде целосно забрането во Дизниленд

Дизни внесува забрана за пушењето во нивните тематски паркови. Актуелната политика овозможува пушење на одредени места за пушење на нивните имоти.

0
54

Промената беше објавена преку блог пост на веб-страницата на Дизни и наведува дека новата политика ќе стапи на сила на 1 мај оваа година.

„Исто така, почнувајќи од 1-ви мај, нема да има повеќе места за пушење во тематските паркови на Волт Дизни, односно, во Дизниленд.

Гостите можат да пушат надвор од парковите, на влезот, или на одредени места во нивните хотели и одморалишта. Во моментов, не е дозволено пушење во хотелските соби или на балконите.

Законите за пушење се спроведуваат низ целата земја за да се намалат проблемите на јавното здравје во врска со употребата на тутун, пасивно пушење и внесување на чад.

Неодамна, округот Лос Анџелес забрани пушење, електронски цигари и марихуана да се користат во или околу окружните објекти, како и во рамки од 25 метри од отворените простори за седење во рестораните.

Фото: Pixabey

loading...