Од пуканка – плачка!

Дури и ако ви е ова трето или петто дете, не е причина да не бидете внимателни. Не се вели залудно дека на децата помали од пет години, не треба да им се даваат кикирики, пуканки и слични грицки

0
498

Пуканките се една од најпопуларните грицки и речиси е незамисливо гледањето на филм без нив. Иако ваквото сценарио звучи како забавна, семејна вечер, важно е да се знае дека ваквите ситни грицки се опасни за малите деца. Токму на ова предупредила Никол Годард, мајка чиј син речиси се загушил со пуканки.

Како што напишала таа на Фејсбук, семејството гледало филм, а малиот Неш јадел пуканки и наеднаш почнал да се гуши. Паниката траела кратко бидејќи успеал да ја голтне пуканката и изгледало како да е сѐ во ред.

Меѓутоа, детето почнало да кашла а никој не се сопмневал дека е проблемот во пуканката. Сѐ посилно кашлал, добил темпартура и мајката одлучила да му верува на својот инстинкт па го повикала педијатарот кој веднаш ги упатил во болница.

Рентгенската снимка ги потврдила сомнежите. Пуканката влегла во неговите бели дробови.

„Се развило воспаление на левото белодробно крило. Лекарите предложиле операција со која ќе се отстранат парченцата пуканка“, објаснила Годард.

На крајот, Неш поминал две операции со кои се отстранети вкупно шест парченца пуканка. За среќа, успешно се опоравува.

Лекарите ја предупредиле мајката дека пуканки не им се даваат на деца помлади од 5 години токму поради вакви ситуации.

„Мразам да го користам изговорот дека ни е тој трето дете и дека не внимавам како кога имавме едно дете“, рекла таа.

„Сакав да ја споделам оваа приказна со сите затоа шт луѓето воопшто не се свесни колку лошо влијание можат да имаат тие на малите деца. Благодарни сме што е наиот син во ред“, додала таа.

Фото: Pixabey

loading...