Да не ти даде Господ, тоа што ти мисли мајка ти

Од страв сме нервозни, од нервоза уморни, од умор им викаме на децата, а после не гризе совест

0
320

Да не ти даде Господ, тоа што ти мисли мајка ти“, вели шеговитиот заклучок кои го донеле претходните генерации. Секоја нова генерација на родители го повторува истиот заклучок кои го донеле претходните генерации. Секоја нова генерација го повторува истиот заклучок уште од моментот кога ќе слушнат: „Честитаме, станавте мајка/татко“, па до крајот на животот.

Општопознато е дека во секоја шега има пола вистина, а во оваа и многу повеќе.

Би ни помогнала нам, на родителите, некоја посериозна статистика која зборува за процентот во кој нашите предвидувања, кои неподносливо потсетуваат на хорор филмови, НЕ се остварува. Велат, повеќе од 85%!

Денеска, преку различни медиуми сме премногу изложени на негативни и загрижувачки информации. И тоа е најголемата промена во однос на децениите зад нас. Знаеме што го мачи некое девојче во Кина, некое куче во Германија и дали му се слошило на некој возач на автобус во Грција. Секако, сочувствуваме, но не можеме да помогнеме. Информација и немоќ, во комбинација, незабележливо се претвараат во страв и се вовлекуваат, што се вели, „во коски“.

Од друга страна, информациите не опоменуваат што сѐ може да се случи и не држат во состојба на претпазливост, значи имаат и своја цел.

И што да правиме со стравот кој не заробил?

Предлагам да направите во главата програма која ги преработува информациите на поинаков, пореален начин.

Тогаш вестите, од кои е денеска невозможно да се побегне, ќе звучат вака:

Денеска милиони деца ширум светот, на возраст од 8 до 18 години, безбедно стигнаа во своите домови од училиште, без надзор од родителите, одејќи по осветлените улици и преминувајќи безбедно на пешачките премини.

За жал, во мал град на северот од Германија, едно од повеќе милиони деца кои оделе сами, доживеало сообраќајна несреќа“.

Или: „Денеска милиони деца тргнаа на екскурзија возејќи се безбедно во 5 милиони автобуси и милион авиони ширум светот. Убаво си поминуваат со своите другари и создаваат спомени за цел живот. Така беше и сите претходни денови во текот на изминатите 6 месеци. Но за жал, за тоа време, еден од повеќе десетици милиони автобуси кои превезувале деца последните 6 месеци, во Јапонија еден излетал од патот“.

Дали на тој начин се оградуваме од болката која ја доживеало семејството во Јапонија? Не, затоа што сме немоќни да ја смениме информацијата која ни е сервирана, немоќни да помогнеме и на ниту еден начин не можеме да влијаеме на конкретното случување.

Суштината на емоционалната писменост, која во животот ни носи повеќе безгрижност е да научиме влијанието на средината да го делиме на оние кои се надвор од нашата моќ, од информациите кои се во нашето поле на можно дејствување.

Да направиме конкретна разлика.

Несреќата во Јапонија – не е наше поле на дејствување. Но улицата во нашата населба, на која недостасува семафор – е нешто на што можеме да делуваме. Организирајте ги соседите, испратете молба, повикајте ги медиумите…и направете го овој свет покриен со камери, уште побезбеден.

Секое време ни носи промени и потреба да се прилагодуваме. Ни донесе повеќе информации отколку што ни годи. Како резултат на нашата неспремност, ние си дозволуваме себеси, додека нашето дете безбедно се санка да очекуваме заталкан воз да наиде баш тука и баш сега. Од тој страв стануваме нервозни. Од нервоза – уморни. Од умор им викаме на децата. И потоа не гризе совест…и така натаму…

Нашиот „среќометар“, во текот на потенцијално убав и весел ден, а сѐ поради нашите предвидувања, страв и замор, не ја забележал среќата.

Поинаку, пореално и посвесно режирајте ја својата фантазија.

Понекогаш не е сѐ во нашата глава, во фантазијата, предвидувањата…Невеселата реалност не гледа право во очи и бара од нас да најдеме сила да ја „свариме“. Сепак, и тогаш сетете се, животот е долг и секоја емоција мора да не закачи на тој пат.

Сепак, најголем дел од емоциите навистина произлегува од нашите претпоставки што ни носи утре. Бидејќи надежта последна умира, да се надеваме на добро, а во меѓувреме да бидеме внимателни и одговорни.

Еден ценет психолог кажал дека неговата мајка на смртната постела многу зажалила заради тоа што целиот период на мајчинството го проживеала во страв за здравјето и иднината на својот син и не уживала доволно, а нејзиниот син единец тогаш имал 50 години, здрав е, образуван и успешен.

Мислете на тоа.

Фото: Daria Obymaha from Pexels

Текстот е од ТУКА.

loading...