Од што зависи кога родилката ментално ќе се врати во „нормала“?

Состојбата која честопати се нарекува „мамнезија“ се манифестира со зголемена заборавеност и отсутност кај мајките набрзо по породувањето. Меѓутоа, истражувачите од САД откриле дека е тоа од краткорочен карактер и дека мајките честопати се повнимателни од жените кои никогаш не биле бремени или немале деца.

0
154

Различното функционирање на мозокот по породувањето, обично трае до една година, колку што е потребно мајките да се вратат во полна ментална форма, покажало новото истражување.

Оваа состојба честопати се нарекува „мамнезија“ и се манифестира со зголемена заборавеност и отсутност кај мајките набрзо по породувањето. Меѓутоа, истражувачите од САД откриле дека е тоа од краткорочен карактер и дека мајките честопати се повнимателни од жените кои никогаш не биле бремени или немале деца.

„Во повеќето студии, тестовите за внимание и меморија им се даваат на мајките многу рано по породувањето“, изјавила авторката на трудот и антрополог од универзитетот Пердо, Валери Милер.

„Кога ќе се роди детето, жените имаат наплив од хормони, а тука е и недостатокот на сон, такашто сите овие фактори можат да влијаат на процесите на внимание и меморија во мозокот“, изјавила Милер.

Постпородилната состојба трае приближно шест недели и започнува веднаш по раѓањето, кога телото на мајката – вклучително и нивото на хормоните и големината на матката – се враќаат во својата ‘нормална’ состојба.

Во новата студија, Милер и нејзините колеги спровеле таканаречен „тест на вмрежено внимание“ во кој го споредувале времето на реакција кај 60 мајки кои се од неодамна во таа улога и кај 70 жени кои не се мајки.

Од учесничките биле побарано да одговорат на прашањата од анкетата на скала од седум точки, како што се „Колку често се чувствувате поспано?“ Или „Како го оценувате вашето внимание?“.

Тимот открил дека начинот на кој жените го доживуваат опсегот на своето внимание често се совпаѓа со резултатите од нивниот тест за внимание.

„Ова значи дека жените имаат точна свест за својата когнитивна состојба и дека загриженоста за нивното перцептивно функционирање треба да се сфати сериозно“, рекла авторката и антрополог Аманда Вајл од универзитетот Перду.

„Исто така веруваме дека мозокот на мајката што работи поинаку по породувањето може да биде феномен врзан за културата и дека мајките се чувствуваат растроено и заборавно кога се под стрес, кој наеднаш ги погодува, и тоа во голема мерка“, велат членовите на истражувачкиот тим.

„Мајчински мозок“ и поинаков вид на концентрација

Во тестот за внимание, жените биле замолени да го погледнат мониторот на кој се наоѓа печатачот, чие трепкање укажувало на тоа дека наскоро ќе се појави отпечатената слика.

Исто така, на екранот се прикажува слика на светкави стрелички свртени во различни насоки, кои ја менувале насоката на 500 милисекунди, а од учесничките е побарано да го притиснат копчето на бараната насока.

Тестот ги собрал времињата на реакции на сите жени.

Со овој тест, Милер и нејзините колеги не пронајдоа докази дека тоа што е некоја жена мајка, има негативно влијание врз нејзината способност да забележување.

„Сѐ на сѐ, мајките немале значително поинакво внимание од другите жени во експериментот и не најдовме докази кои би ја поддржале појавата на таканаречениот ’мајкин мозок’, кој ‘поинаку функционира кај родилките“, навела Милер.

Од друга страна, во студијата се наведува дека е можно токму мајчинството да е поврзано со подобрено, посилно, а не со намалено внимание.

Наодите сугерираат дека „мајчиниот мозок“, како нешто што опишува различен вид концентрација и внимание, може да се случи, но може да трае најмногу една година по породувањето.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека зголеменото внимание не е секогаш позитивна работа, затоа што може да го зголеми чувството на вознемиреност и стрес.

„Има смисла дека мајките кои штотуку се породиле посилно делуваат на надворешните дразби. „Планираме да направиме и меѓукултурни истражувања, за понатаму да испитаме како наративите на мајчинството и социјалната поддршка се поврзани со вниманието на родилката во однос на стандардот и културолошките милјеа ширум светот“, најавиле истражувачите во студијата чии наоди се објавени во списанието „Current Psichology”.

Фото: Unsplash

loading...