Од што се плашат децата најмногу?

Стравот кај децата зависи од неколку фактори – возраста на детето, и фазата на раст во која се наоѓа. Еве кои се најчестите стравови кај децата во зависност од годините.

0
106

Стравот е природна емоција и реакција која настанува со забележување или очекување на вистинска или замислена опасност. Иако сме свесни дека стравот е очекувана и природна емоција, која има своја цел, многу често сме во ситуација да не знаеме што да направиме со неа.

Развојот на детскиот страв има свои законитости. Со растењето децата развиваат способности за разбирање и за сфаќање на светот и во согласност со тоа, децата ќе сфатат некои работи, но не до крајот. Во таков „меѓупростор“ понекогаш настануваат стравовите.

Основна потреба на детето е возрасното лице во кое има доверба да му биде во близина, затоа што тоа му дава сигурност. Оваа потреба е посебно изразена во ситуации кои му се непознати, на пример, кога ќе се појави некоја нова личност или при доаѓањето на ново место.

Во првите неколку години детето стекнува сигурност во своите способности и во околината што го опкружува. Тоа го прави истражувајќи, но секогаш во својата „безбедна зона“ која се зголемува како што детето расте и се развива. Многу е важно да се поттикнува истражувањето – малку по малку, чекор по чекор.

Стравот сам по себе не е лош, тој е корисен како и секоја друга емоција и не штити во многу ситуации.

Стручњаците опоменуваат дека на детето не треба да му велите дека нема од што да се плаши, затоа што кога би немало од што да се плаши, тоа не би се плашело. Од стравот ќе се ослободува постепено и за ова треба многу трпение.

Но ако видите дека одреден страв го парализира вашето дете и не му дозволува нормален живот и исполнување на секојдневните обврски, потребно е да побарате стручна помош.

Детските стравови од раѓање до осмата година

До третата година – страв од одвојување од родителите

3 години – страв од луѓе, маски, темница, животни, полицајци и разбојници.

4 години – страв од гласни звуци, пожарникари, темница, диви животни, од ноќите кога се одвоени од мајката.

5 години – се намалува стравот од луѓе, но расте стравот од неуспех, паѓање, кучиња и страв дека мама нема да се врати дома.

6 години – е многу застрашувачки период. Тогаш детето се плаши од звуци (мелодии на телефонот, непријатен глас). Страв од духови, вештици, се плашат дека има некој под креветот, имаат страв од губиток, страв од вода, оган, гром, молњи, страв од амотијс, страв дека нешто ќе се слули на мама. Во текот на тој период децата стануваат похрабри кога станува збор за „сериозни“ повреди, но се плашат од трње, исекотини, крв.

7 години – страв од темни простори, тавани, подруми, духови и вештерки. Се појавува и страв од шпиони, крадци, луѓето кои се кријат во плакарот, под креветотМногу од стравовите се појавуваат после некои страшни приказни, филмови, по гледањето на телевизија. Исто така, детето се плаши да не задоцни во училиште.

Повеќе од 8 години – помалку стравови, но детето повеќе се плаши од реални, опасни работи и ситуации.

Фото: Pexels

loading...