Олцањето им помага на бебињата да го регулираат дишењето и е важно за нивниот развој

Повеќето луѓе сметаат дека олцањето е здодевно и непријатно, но тоа е појава која е многу важна за новороденчињата.

0
178

Неодамнешните истражувања покажуваат дека икањето им помага на бебињата да го регулираат дишењето и дека играат клучна улога во нивниот развој.

Истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL) кои ја спровеле оваа студија следеле 13 новороденчиња и откриле дека икањето предизвикува бран на мозочни сигнали кои можат да помогнат во нивниот развој. Лоренцо Фабрици, еден од авторите на ова истражување, рекол дека оваа активност на мозокот може да им помогне на бебињата да научат да ги контролираат мускулите на дишењето, што на крајот резултира со самостојна контрола на дишењето.

Истражувачите потсетуваат дека фетусите и новороденчињата често икаат. Овој феномен е забележителен уште во деветтата недела од бременоста, а новороденчињата олцаат околу 15 минути секој ден.

Доенчињата вклучени во оваа студија имале електроди поставени на главата и сензори на торзото. Резултатите од студијата покажале дека контракциите во дијафрагмата на бебето создале три мозочни бранови, а веруваат дека преку третиот бран, децата можат да го поврзат олцањето со физичката контракција што ја чувствуваат.

Кимберли Вајтхед, која го водела истражувањето, изјавила за Си-Ен-Ен дека не е познато дали икањето има предности и за возрасните луѓе.

Фото: Pixabey

loading...