Омега-3 масните киселини го намалуваат ризикот од предвремено породување

Со преглед на повеќе од 70 клинички истражувања утврдено е дека зголемениот внес на омега-3 масни киселини со долг синџир во текот на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување.

0
141

Научниците со систематски преглед на 70 рандомизирани истражувања ги проучувале податоците за повеќе од 20 илјади жени и откриле дека омега-3 масните киселини, во однос на плацебото, го намалува ризикот од предвремено породување.

Со други зборови, земањето на докозахексаенска киселина (DHA) и еикозапентаенска киселина (EPA) од рибата и рибиното масло го намалило ризикот од породување пред 37.недела од бременоста а 11 отсто, ризикот од породување пред 34.недела од бременоста за 42 отсто и ризикот од раѓање на дете со родилна тежина помала од 2500 г за 10 отсто.

Научниците нагласуваат дека сѐ уште не ја знаат вистинската причина за предвременото породување, но силно се потпираат на доказите кои покажуваат дека земањето омега-3 масни киселини како додаток на исхраната многу го намалува тој ризик. Во тек е ново истражување со кое ќе се процени долготрајното влијание на омега-3 масните киселини на мајката и детето, како и на неговиот раст и ментален развој.

Фото: Pixabey

loading...