Омилената играчка на децата, најмалку безбеден производ во светот!

Европската комисија објави список на најопасните производи во ЕУ, чија цел е да се спречи и ограничи продажбата на опасни производи на пазарот

0
342

На прво место на списокот со опасни работи се играчките, а од вкупно тестираните 652 производи, најмногу предупредувања, дури 29%, биле поврзани со играчки, а потоа следуваат моторни возила (23%) и електрични уреди и опрема (8%).

Дури и голем број на производи за нега на деца, како и опрема за бебиња, имале голем број предупредувања, а загриженоста најмногу се однесувала на предизвикување повреди, на хемискиот состав на производот и на ризикот од задушување. За да се испита безбедноста на производот, комисијата избрала неколку категории, како што се полначи за батерии, кадифени играчки, детски седишта за велосипеди и играчки – „лигавки“, а во овие примероци, на изненадување на сите, најмалку безбедни се покажале кадифените играчки.

Оваа година, која е специфична на многу начини, исто така, донесе неколку нови артикли на списокот на најопасните. Имено, од почетокот на пандемијата на коронавирус се регистрирани бројни предупредувања за маските за лице и средствата за дезинфекција.

Во 2003 година бил воведен 24-часовен систем за предупредување за да се овозможи брзо ширење на информации помеѓу земјите-членки и Европската комисија за опасните непрехранбени производи кои се повлечени од пазарот. Во него се вклучени 31 земја.

Фото: Pexels

loading...