Опасни предмети кои децата најчесто ги голтаат

Истражувањата покажуваат дека родителите сė почесто бараат лекарска помош токму поради голтањето играчки, батерии и многу други ситни предмети. На листата од проголтани предмети има сешто – од обетки па до божиќни украси, а бројот на такви несреќни случаи во последните две децении драстично се зголемил.

0
130

Истражувањето кое неодамна го објавил „Pediatrics“ покажало дека децата најчесто голтаат кованици заради што во повеќето случауи остануваат на болничко лекување. Но интересно е што во текот истражувањата се забележани дури 150 пати повеќе инциденти кои вклучувале голтање батерии, а токму тие можат да предизвикаат сериозни оштетувања кога ќе се проголтаат.

Истражувачите во Националната детска болница во Колумбус ги анализирале податоците од националниот систем собрани во периодот од 1995. до 2015.година, обрнувајќи внимание исклучиво на случаите во кои децата помлади од шест години се лекувани во итните служби поради голтање на туѓи тела. Забележале дури 759 илјади такви случаи.

Во просек, поради голтање на туѓи тела секојдневно 99 деца доаѓаат на вратите на службите за итна помош“, рекол авторот на студијата д-р Даниел Орсаг-Јентис.

Интересно е што и покрај напорите играчките, батериите и магнетите да се направат побезбедни за децата, во текот на истражувањето, стапката на ваквите случаи се зголемила за 4,4 отсто годишно.

На прво место се кованиците, а потоа следуваат ситните играчки, накит, батерии и магнети. Секако, и многу други предмети. Истражувачите ја нагласиле опасноста од малите батерии во облик на кованици кои се користат за часовниците, како и за многу други електронски уреди. Тие можат да предизвикаат сериозни изгореници на ткивото, па дури и смрт ако се заглават во грлото, а бројот на деца кои биле повредени или умреле по голтањето на овие производи се зголемил за повеќе од 4 пати во периодот од 2006. до 2010. година.

Фото: Unsplash

loading...