Основна разлика во грижата околу недоносените деца и оние родени во термин

Недоносените деца имаат своја прилагодена возраст, според датумот  кога требало да бидат родени

0
533

Предвременото породување е страв на секоја идна мајка и за жал, се случува се почесто. Предвреме родените деца се разликуваат на неколку начини од оние родени во термин.

Прилагодена возраст. Новороденчињата имаат две возрасти: хронолошка, врз основа на датумот кога се родени, и прилагодена, според датумот кога требало да се родат. Вашиот ппедијатар ќе ја користи прилагодената возраст на детето кога го одредува неговуиот развој се до втората или третата година, кога сите недоносени деца ги достигнуваат своите врсници.

Развој. Недоносените обично седат, ползат и ги достигаат останатите развојни етапи побавно од децата родени во термин. Разговарајте со педијатарот за развојот на своето дете и за тоа што се можете да направите за да го поттикнете напредокот. Треба да знаете дека со упорно вежбање децата можат да се развијат многу побрзо.

Доење. Мајчиното млеко е особено корисно за недоносените деца. Во почеток, додека е во инкубатор, вашето дете ќе го добива вашетто издоено млеко. Кога е дојдете дома, сподобноста на вашето дете за циацње се уште нема да биде 100 отсто развиена, па ако имате проблеми со доењето испробајте различни положби или поарајте стручна помош.

Живот во инкубатор. Повеето недоносени деца поминуваат во инкубатор, недели или месеци, на одделите за интензивна нега, опкружени со лекари и со различна опрема. Тоа нека не ве плаши. Треба да знаете дека е вашето присуство и натаму клучно. Родитеите имаат повеќе време за децата од персонаот и знаат каков допир му треба на детето. Затоа и се советуваат родителите да учествуваат во превивањето или во бањањето на детето. Освен тоа, тоа што го слуша вашиот глас, ќе му помогне на детето да се прилагоди на животот надвор од матката.

Опасност од  инфекции на системот за дишење. Станува збор за вирус со симптоми на обичен грип ии настинка. За недоносените деца чии бели дробови и имунитет не се развиени до крај, ова е сериозна состојба. Може да предизвика бронхитис или воспаление на белите дробови, па дури и смрт.

loading...