Остроумните ученици сметаат на прсти

Со години се верувало дека стратегијата за сметање на прсти е штетна за процесот на учење на основните аритметички операции кај учениците во рана возраст.

0
256

Наставниците со генерации веруваа дека сметаењето на прсти ќе направи учениците да станат мрзливи и побавно да ги усвојуваат знаењата.

Меѓутоа, едно неодамнешно истражување во Швајцарија, објавено во списанието „Journal of Cognitive Psychology“, покажало дека шестгодишниците кои сметаат на прсти имаат поголема работна меморија и полесно и поуспешно ги решаваат задачите на собирање и одземање броеви во математичките операции.

Остроумните шестгодишнници, кои имаат поголем капацитет на работната меморија, користат стратегија на сметање на прсти кај додавањето на броеви. Џастин Дупонт-Боим од Универзитетот во Женева и Кетрин Тевенот од Универзитетот во Лозана, автори на ова истражување, велат дека резултатите можат да им помогнат на децата во раната возраст полесно да ги надминат тешкотиите при усвојувањето на основните аритметички операции.

Во истражувањето учествувале 84 деца од шест швајцарски училишта кои немаат пракса ниту на наметнување ниту на забрани за сметање на прсти и децата се снимени додека решаваат аритметички задачи прилагодени за возраста.

Некои деца имале тестирање на меморијата пред решавањето на аритметичките задачи, а некои потоа, и тестирањето на меморијата се состоело во слушање на броевите кои треба да се повторат по обратен редослед. Децата кои имаат поголем капацитет на работна меморија можат точно да повторат подолг синџир на броеви.

На прсти сметале 52 шестогишници и постоела значајна корелација помеѓу навиката на броење на прсти и големината на работната меморија, но исто така, биле поуспешни и во аритметичките задачи. Децата кои имаат поголема работна меморија имале и поефикасна стратегија за собирање на броеви. На пример, ако имале задача 8+3, поуспешните во решавањето користеле додавање на три прста за да ја добијат конечната сума. Потврдени се некои претходни истражувања кои ја следеле успешноста на петгодишниците во додавање на броеви и тоа во текот на три години.

Децата биле поуспешни во собирањето доколку користеле броење на прсти, но само до осмата година. По осмата година не е пожелно да се користи сметање на прсти и авторите велат дека во попчеток треба учениците да се охрабруваат да ги користат прстите во текот на собирањето или додавањето на броеви, но подоцна треба полека да се напушта оваа стратегија затоа што би можела да доведе до компликации кога се во прашање потешки математички задачи.

loading...