Осум работи што вашите деца треба да ги научат пред да станат тинејџери

Мајка на пет деца набројува што треба да ги научите своите деца да прават сами пред да влезат во тинејџерски години.

0
165

Ејми Карни е мајка на тројки –три сина кои се моментално на тинејџерска возраст, една ќерка тинејџерка и посвоено десетгодишно дете. Од своето пообемно родителство искуство таа набројува што мора да ги научите вашите деца да прават пред да влезат во тинејџерски години.

Самостојно будење

Наместо мама, во повисоките одделенија од основно работата на будење на децата треба да ја преземе будилникот. Тинејџерите на Ејми од седмо одделение самостојно стануваат на време. Се случувало со притискање на копчето за одложување на ѕвонењето да останат без појадок па брзо научиле дека тоа не е паметен потег.

Подготвување појадок и ужинка

Вашата работа е да бидете сигурни дека дома има храна, а нивна да си ја подготват. Таа советува да престанете да се грижите дали децата си подготвиле доволно здрава ужина. Потрудете се дома да има квалитетни намирници, а останатото препуштете им го ним. И онака овој период брзо ќе помине, а подоцна ќе имате уште помалку влијание на нивната исхрана.

Формулари

Тинејџерите треба сами да ги пополнуваат сите формулари кои се однесуваат на нив, а на родителите е само да ги потпишат. Како раснат формуларите ќе бидат сѐ побројни па на време нека се научат како се пополнуваат.

Водење грижа за своите работи

Родителите премногу често им помагаат на децата кога овие нешто ќе заборават да земат во училиште. Единствен начин да ги научите да мислат и да се грижат за своите обврски е да не ги вадите од незгодни ситуации.  Уведете правило дека нема враќање по заборавените работи и дајте им шанса да научат да с еизборат со последиците од своите грешки.

Навремено исзвршување на обврските

Родителите не треа да ги спасуваат децата и да им помагаат да го направат она што требало да го направат на време. Не постојат домашни задачи кои се задаваат ноќта воочи рокот.

Перење алишта

Ако ви се случува да ве прашаат каде им е омилената маица и зошто не е испрана, крајно време е да им покажете како функционира машината за перење. Иако тоа и натаму ќе биде ваша обврска, децата треба да знаат како се прави тоа и мора да им дадете на знаење дека чистотата на нивната омилена маица не е задолжително ваша грижа.

Сами да си ги побараат саканите информации

Не бидете од оние родители кои секаде се пикаат. Ако вашето дете има нешто да го праша наставникот или тренерот, нека го направи тоа само. Научете го детето само да излезе на крај со работите што му се важни.

Учење

Треба да знаат дека нивниот училишен успех ви е важен, тоа ќе им го покажете такашто ќе разговарате со нив, ќе им поставувате прашања, ќе ги охрабрувате и ќе ги поттикнувате. Но тука треба да ставите линија. Не сте вие ученици! Децата мораат да сфатат дека учењето е нивна работа и нивна грижа и дека од тоа зависи нивната иднина.

Оваа мајка порачува: Не заборавајте дека главна цел на родителството е да воспита способни возранси луѓе.