Откријте како полесно се патува со бебе или со мало дете

Патувањето со мало дете е како патување со рок-бенд: важна е добра организација и подготовка, во спротивно доаѓа до проблеми. Наједноставен начин е да направите попис, а ние ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да не заборавите нешто.

0
132

Мало дете не може да биде мирно долго време, освен ако спие, затоа треба да бидете чекор понапред, да предвидите што може да се случи затоа што само така ќе си обезбедитеуспешен одмор и пријатно патување.

Подгответе си храна и пијалоци – патувањето со деца вклучува барем ранче со храна. Понесете доволно течности, сок, вода или чај.

Земете дополнителна облека – повеќето мајки ги облекуваат децата во слоеви затоа што така најлесно можат да се прилагодат кон температурата. Земете дополнителни чорапчиња или џемперче за да можете да го стоплите детето доколку нагчо застуди. Исто така, земете дополнителни пелени за да се обезбедите ако патувањето се оддолжи.

Земете ја со себе омилената играчка, ќебенце или перниче, кои ќе ги имате со себе за да се чувствува детето сигурно и удобно во секој момент.

Ако патувате со автомобил земете нешто со што ќе ја блокирате светлината од прозорецот за да може детето мирно да спие. Завиткајте некое „изненадување“ – тоа е одличен трик за да го заинтересирате детето е да ги завиткате играчките или храната. Детето ќе се сконцентрира на пакетчето и на тоа да го отпакува, а таа активност сигурно ќе потрае.

Не им ги давајте овие завиткани „изненадувања“ веднаш туку почекајте додека не се изморат или додека не станат нервозни за да може да им го свртите вниманието тогаш кога ќе биде најпотребно.

На патувајте подолго од 6 часа – подолго патување не е добро, ниту здраво ни за возрансите, ни за децата. Ако имате можност да застанете и да се прошетате, секако направете го тоа, затоа што и вие и детето мора малку да се раздвижите. Искористете ја паузата за одење во тоалет, за да ги нахраните или да се прошетате.

Темпирајте го патот според детето- ако имате можност, планирајте го патот според потребите на детето. Најдобро би било да тргнете во време кога вашето дете инаку спие такашто на самиот почеток ќе се прилагоди полесно сѐ што следува.

Седете покрај детето-мора да знаете дека сте вие дел од неговата зона на удобност, вие сте линијата која го дели од новото и непознатото, вие сте неговиот дом. Затоа мора да бидете близу до него во секој момент, да го утешите, да го нахраните и да му овозможите да се чувствува безбедно.

Занимавајте го детето-ако патувате со автомобил подгответе песнички кои детето ги сака, смислете игри и приказни. Ако патувате со автобус, земете со себе таблет или мобилен со игрички и песнички и не заборавајте да земете слушалки за да не им пречите на останатите патници.

Резервирајте места-ако патувате со авион или со автобус, важно е да ги резервирате вистинските места. Постојат седишта во авионот кои се предвидени за мајките и бебињата и кои имаат места за седалката на детето. Исто така, ако имате и поголемо дете, резервирајте место и за него за да не се најдете во еден момент во ситуација двете деца да ви бидат во скутот. Во автобус би било најдобро да се резервираат задните седишта затоа што таму има најмногу простор.

loading...