Откријте што има во финските кутии за бебиња (ВИДЕО)

Секоја година финската влада дели околу четириесет илјади кутии, а во пакетот одат и простирки и околу педесетина други работи потребни за бебето – облека, чорапи, топло палто, дури и мали скијачки капи за ладните нордиски зими.

0
142

Спиењето во кутии во Финска е традиција и секое новороденче без оглед на имотната состојба на своите родители спие во кутијата која ја добива кога ќе се роди. Кутијата ги содржи основните работи што му се потребни на бебето во првите месеци од животот, но и повеќе од тоа. Спиењето во кутија се повеќе станува пракса и во остатокот од светот.

Иако кај нас некои луѓе, за своите бебиња, особено ако им се први, не сакаат ништо што веќе го користел некој друг, па дури ни креветче или количка, во Финска, поголемиот дел фински новороденчиња спијат во малечка вреќа за спиење поставена на парче простирка во картонска кутија. Тоа е првото место на кое ги спуштаат главчињата. Се верува дека овие картонски кутии се една од причините поради која Финска има најниска стапка на смртност на новороденчиња во светот.

Имено, единствен услов за да добие кутија е мајката задолжително да направи медицински преглед во текот на првите четири месеци од бременоста.

Оваа финска традиција започнала во 1938 година со цел да им овозможи на сите деца еднаков почеток на животот, но, и со цел да се намали високата смртност на бебињата. Во тој период Финска била многу сиромашна, така што од 1000 доенчиња, не преживувале ниту 65.

На почетокот, програмата била наменета само за семејства со ниски приходи, но во 1949 година се проширила за сите бремени жени.

Мајките можат да бираат помеѓу кутијата или 140 евра, но 95 отсто од нив се одлучуваат за кутијата, бидејќи вреди многу повеќе.

Секоја година владата дели околу четириесет илјади кутии, а во пакетот одат и простирки и околу педесетина други работи потребни за бебето – облека, чорапи, топло палто, дури и мали скијачки капи за ледената нордиска зима.

Освен тоа, кутиите биле безбедно место за бебето надвор од родителската постела во куќите кои често имале само основен мебел.

Постојат обиди идејата за кутијата за бебе да се прошири и во други држави.

Фото: Pixabey

loading...