Пазете се од болестите на модерното време: селфитис, смартфон палец, номофобија

Поради овие пореметувања на модерното време ги губиме и пријателите и самодовербата, страдаме од депресија,  а расте и ризикот од срцеви болести.

0
229

Модерните технологии, како и забрзаниот начин на живот довеле до појава на некои нови, но и опасни пореметувања. Поради овие пореметувања на модерното време ги губиме и пријателите и самодовербата, страдаме од депресија,  а расте и ризикот од срцеви болести.

Од селфитис, преку смартфон палец до номофобија – ова се болестите на 21.век. И воопшто не се безопасни…

Проблеми со вратот

Константното виткање на вратот под непријатни агли а да видиме што се случува на екранот на мобилниот телефон, може да доведе до настанување на т.н. text neck или текстуален врат. Тој го зголемува притисокот на местото на кое вратните мускли се допираат со черепот. Телото тогаш веројатно реагира со изградба на нова коска, што резултира со шилест израсток. Стручњаците советуваат мобилниот секогаш да се држи во висина на очите, а предлагаат и вежби за истегнување на вратот.

Зависност од игри

Зависноста од видео-игри е и официјално класифицирана како ментално пореметување. На оние кои го имаат овој проблем играњето игри им е приоритет во однос на сите други дневни активности, а симптоми можат да бидат недостатокот на сон, анксиозност, повлекување во себе и антисоцијално однесување.

Номофобија

Номофобија е анксиозност која се јавува кај лицето кога не може да користи мобилен. Луѓето кои страдаат од номофобија на тој начин покажуваат физички и психички симптоми кога мобилниот не им е при рака или ако помислат дека поради празна батерија може да им се исклучи. Рацете почнуваат да им се тресат, им се врти во главата, отежнато дишат. Номофобија, етимолошки, доаѓа од фразата ‘’no mobile.

Едно истражување покажало дека 53 отсто корисници на мобилни телефони стануваат анксиозни кога овој апарат не е им е при рака, а кај некои се јавуваат и встински напади на паника.

Фобиите често се лечат со когнитивно-бихејвиорална терапија – вели Питер Фалкаи, управител на универзитетската клиника за психијатрија и психотерапија Лудвиг Максимилијан.

Терапевтот ќе проба со пациентот да креаира ситуација која предизвикува анксиозност и потоа ја анализира и ги покажаува можните решенија. Терапијата обично се комбинира со сооветна количина антидепресиви, а видот на фобијата влијае на изборот на терапијата.

Некои луѓе фобијата успеваат да ја совладаат сами, но ако самотераоијата не дава резултати, работа со искусен терапевт е најдобар начин ова психичко пореметување да не сане хронично.

Смартфон палец

Истражувањето покажало дека 43 отсто од корисниците на мобилни телефони во некој момент имаат проблем со болка во палецот као последица од користењето на мобилниот. Со повторувањето на истото движење додека скриламе по социјалните мрежи може да доведе до трнење, болка, но и грчеви во прстите, зглобот и рамото.

Согорување

Предизвикана од стресот на работа, научниците веруваат дека оваа состојба погодува еден од тројца врабптени во некој момент, како и ментална исцрпеност, што може да предизвика несоница и главоболка, па дури и може да го зголеми ризикот од срцеви болести.

Селфитис

Не можете да престанете да објавувате селфи? Можеби имате селфитис, состојба која стручњаците ја опишуваат какокомпулзивна потреба за објавување фотографии, зад што често се крие недостаток од самодоверба. Се смета дека од џхроничен селфитис страдаат оние кои имаат неконтролирана потреба за објавување селфија, најмалку шест пати дневно.

Синдром на компјутерски вид

Милиони луѓе секојдневно минуваат часови пред екраните, а многу од нив имаат и синдром на компјутерски вид – симтимите се уморни и суви очи, како и замаглен вид.

Фото: Pixabay

loading...