Пандемијата има последици врз менталното здравје на децата, особено на сиромашните

Според студијата, децата и тинејџерите од посиромашните семејства и оние со мигрантски корени се несразмерно погодени.

0
52

Новото истражување на децата во Германија покажува дека стресот и сиромаштијата предизвикани од пандемијата на коронавирусот имаат последици врз менталното здравје на децата, особено кај оние од сиромашните семејства, велат истражувачите.

Студија на медицинскиот центар на универзитетот Хамбург-Епендорф покажала дека секое трето дете во Германија страда од анксиозност, пандемија поврзана со депресија или покажува психосоматски симптоми како што се главоболки или абдоминална болка, пренесува АП.

Според студијата, децата и тинејџерите од посиромашните семејства и оние со мигрантски корени се несразмерно погодени.

„Децата кои биле добро пред пандемијата и се чувствуваат заштитено и пријатно во своите семејства, добро ќе поминат низ оваа пандемија“, рекла Улрике Равенс-Киберер, директор на детската психијатриска клиника во универзитетската болница, но истакнала и дека се потребни подобри решенија кои би го зајакнале менталното и емоционалното здравје на децата од ризичните семејства.

Истражувачите испитувале повеќе од 1.000 деца на возраст од седум до 17 години и повеќе од 1.500 родители од средината на декември до средината на јануари.

Фото: Pexels

loading...