Педијатар кој е сон на секој родител! (ВИДЕО)

Педијатарот Рајан Коетзи од болницата Реигмор во Шкотска му ја пее култната песна „Unforgettable“ од пејачот Нат Кинг Кол додека му вади крв на едно мало бебе, кое наместо да плаче, држи ритам со ноџињата

0
289

Порталот GoodMorningAmerica ја пренесува веста и видеото од педијатарот Рајан Коетзи од болницата Реигмор во Шкотска на кое го смирува бебето со помош на својата пејачка додека му вади крв за лабораториски испитувања.

Наместо да се плаши како што тоа вообичаено го прават децата кога се на лекар, а особено кога треба да ги вакцинираат или да им вадат крв, на видеото објавено на овој портал, педијатарот му ја пее на бебето на кое му вади крв култната песна „Unforgettable“ од пејачот Нат Кинг Кол, па тоа не плаче туку си држи ритам со ноџињата

Имено, Рајан е школуван пејач на класична музика, а во август почнал да работи во болницата.

Десетмесечната Грејси смирено гледа во педијатарот додека тој му вади крв од прстето, а со нозете го следи ритамот на песната.

„Пеењето на малите пациенти е нешто што секогаш го правам. Природно ми е да пејам, а кога работите на педијатрија, забавно е да ги насмевнувате децата и малку да се глупирате“, изјавил Рајан.

Грејси е родена со Даунов синдром и веќе имала операција на срцето и бубрезите, затоа не е чудно што многу се плаши од вадењето крв. Меѓутоа, кај овој педијатар не пролеала ниту една солза, како што вели нејзината мајка Шенон Вемис.

„Преплашена е кога треба да добие инјекција. Тоа е трауматично за неа и за нас кои ја придружуваме. Веќе многу пати досега сме ѝ ваделе крв, но таа е секогаш вознемирена. Ништо не можело да ја смири, но тогаш го запознавме Рајан. Ни гo направи искуството пријатно и беше навистина незаборавно“, рекла таа.

Мајката сѐ снимила и го споделила видеото на својот ФБ профил.

This is something so special! My daughter is usually distraught getting bloods done, she has had them done a huge amount of times but never has had a reaction quite like this, not one tear. I have never met a doctor quite like this one, absolutely amazing. He had a smile on everyone’s face. An example of a job being more than a pay check at the end of the month. He has made our day 💗

Shannon Wemyss 发布于 2019年11月1日周五

loading...