Петар Пан е укинат: Компанијата Дизни Плус ја цензурирала понудата заради расизам

Претходно, Дамбо, Петар Пан и Книгата за џунглата имале предупредување за стереотипите и во него било наведено дека вклучуваат негативни ставови и/или лоши ставови кон луѓето или културите.

0
156

Платформата Дизни Плус ги укинала Петар Пан, Мачки од високото општество и Маза и Луња заради расизам, а Книгата за џунглата и Дамбо поради погрешно претставување на малцинствата.
Претходно, Дамбо, Петар Пан и Книгата за џунглата имале предупредување за стереотипите.

„Оваа програма вклучува негативни ставови и / или лоши ставови кон луѓето или културите“, било наведено во предупредувањето.

„Тие стереотипи беа погрешни тогаш, а погрешни се и сега.“
Во пораката од октомври се додава дека наместо да ја отстрани содржината, Дизни сака „да го признае нејзиното штетно влијание, да учи од него и да поттикне разговор со цел создавање на поинклузивна заедничка иднина“, навеле медиумите.

Предупредување тогаш имале филмовите „Мачки од високо општество“, кој покажува „мачка со жолто лице“ како свири на пијано со стапчиња за јадење, како и филмот Петар Пан, каде што американските Индијанци се нарекуваат „црвенокожци“.

Фото: Скриншот/Јутјуб

loading...