Петгодишник го пријавил татко си за сообраќаен прекршок

Детето од германскиот град Вирцбург се јавило на бројот за итни случаи за да се пожали на својот татко кој со автомобил во два наврати поминал на црвено

0
223

Еден петгодишник од германскиот град Вирцбург повикало полиција и го пријавило својот татко дека со автомобилот во два наврати поминал на црвено светло.

Детето се јавило на бројот за итни случаи 110 за да се пожали на татко си, а потоа полицајците го повикале бројот од кој го добиле повикот. Им се јавил таткото кој најпрвин им се извинил заради позивот на бројот за итни случаи. На барање на полицијата му го дал телефонот на синот.

Петгодишникот им соопштил дека таткото во два наврати поминал со автомобилот додека семафорот светел црвено и дека полицијата треба поради тоа да го затвори.

Полицајците успеале да го уверат дека не е потребно по таткото да дојде патрола, како што тој барал.

Според германските прописи постојат две казни за минување на црвено. Едната во износ од 90 евра се плаќа ако поминете на црвено кое се запалило во тој момент, а другата се однесува на „старо црвено“, односно ако било запалено подолго од една секунда. Во тој случај ќе платите 200 евра, ќе добиете два казнени поени и возачката дозвола ќе ви биде одземена на месец дена. Казните се зголемуваат ако со овој прекршок била загрозена нечија безбедност или ако била направена материјална штета.

Фото: Pixabey

loading...