Пет едноставни начини на кои ќе ги натерате децата да јадат повеќе зеленчук

Ако спаѓате во групата родители чии деца одбиваат да јадат зеленчук, сигурно ги пробувате сите методи за да ги натерате да изедат барем едно парче брокула, зелена салата или некој друг зеленчук.

0
183

Според насоките, децата би требало да изедат барем пет видови зеленчук во денот, а на некои не и успева да изедат ниту само еден. Затоа авторката на книгата The Long Life Plan Феј Џејмс открила пет совети со кои вашето дете би можело да почне да јаде зеленчук.

  1. Подметнете им го

„Децата сакаат колачи како браунис. Во нив може да се додаде сладок компир, авокадо или цвекло. Иако авокадото е технички овошје, тоа е полно со нутриенти“, вели Феј.

„Слаткиот компир ќе му даде на колачето благост, а колачето ќе има покремава текстура, а кога ги правам со цвекло, се исклучитечно сочни и децата немаат поим што се наоѓа во нив“, додава.

  1. Додадете го во смути

„На смути од целер и спанаќ, додадете му зелено јаболко, банана, јогурт и мед. Детето нема да ја забележи разликата“, советува Феј.

  1. Позанимавајте се со декорирање

„Децата сакаат фингерфуд. Постојат бројни примери за шарени и интересни порции кои ќе им бидат интересни на децата и можеби полесно ќе изедат сѐ што се наоѓа на нив“, смета оваа советничка за здравје.

  1. Прво сервирајте зеленчук

Пред вечера, децата се многу гладни, па затоа пред јагленохидратите и протеините сервирајте им зеленчук.

„Дури и ако одбиваат, обидете се да ги натерате да го изедат зеленчукот, а дури потоа изнесете го остатокот од вечерата. Децата ќе изедат сѐ кога се гладни“, порачува Феј.

  1. Вклопете го зеленчукот во појадокот

Јајцата или мафините одлично одат со зеленчук како што се тиквиците и морковите.

„На децата им подготвувам безглутенски леб кој содржи барем два вида зеленчук. Ако децата го почнат денот со зеленчук, поголема е веројатноста дека ќе се храни поздраво и во остатокот од денот“, заклучува таа.

Фото: Pexels

loading...