Пет златни правила за првите три дена доење

Веројатно вашето новороденче ќе спие мирно подолг период во текот на првиот ден од својот живот. Бидете подготвени за периодот после тие 24 часа.

0
129
Давањето на новороденчето во прегратките на мајката веднаш по раѓањето, за да се оствари директен контакт кожа на кожа, во светот се нарекува „Kangaroo care” метод. Овој прв контакт на мајката и бебето, му помага на новороденчето побрзо да почне да цица. Бидете трпеливи, ако е отребно некој саат време за бебето да почне да јаде. Дајте си себеси време и искориститете го тој период да се „поврзете“ со своето дете.

Наспијте се

Одморот е клучен за опоравување после породувањето. Ќе ви помогне да се чувствувате посмирено додека го доите бебето, а го зголемува и нивото на енергија за новороденчето и го поттикнува создавањето млеко.

Не правете распоред на доењето

Тие први неколку дена обидете се да го доите бебето „на барање“, бидејќи мајчиното млеко е важно за ран развој на бебето.

Разговарајте со лекар

Разговарајте со својот доктор за тоа на што треба да обрнете внимание кога ќе почнете со доењето, како и кога би требало да се загрижите.Верувајте ѝ на својата интуиција.

Подгответе се за втората ноќ

Вашето новороденче веројатно ќе спие мирно подолг период во текот на првиот ден од својот живот. Бидете подготвени за периодот после тие 24 часа, затоа што тогаш бебето ќе биде будно и ќе сака да јаде.

Фото: Pixabey

loading...