Пет знаци дека бебето има страв од одвојување

Иако периодот на сепарациска анксиозност, без сомнение, е предизвик, исто така е интегрален дел од развоjот на децата и силен показател дека почнуваат да забележуваат дека постојат независно од вас.

0
235

Ништо не може да предизвика таков страв помеѓу родителите како сепарациската анксиозност, односно, стравот од одвојување. Меѓутоа, со тоа ново спознание кое може да се појави уште во петиот или шестиот месец, доаѓа потребата за чувство за сигурност, дури и бебето не може да ве види. За да знаете што му е потребно на бебето за да му го олесните овој период, порталот Babyology ги издвоил знаците на кои треба да се обрне внимание.

Испрекинато спиење

Кога бебето плаче веднаш што ја предадете во прегратките на друга личност, е најочигледниот знак, но будењето повеќе пати во текот на ноќта е исто така показател дека детето страда од страв од одвојување. МНогу едноставно, бебето плаче во паника затоа што мисли дека сте го оставиле само.

Испрекинатиот сон може да биде исцрпувачки и за мајката и за бебето, па добро би ви дошол некој вид на вечерна рутина која и вам и на бебето ќе ви го олесни овој период. Детето нека биде близу до вашиот кревет за да можете да му пружите утеха кога ќе ја побара. Меѓутоа, ноќните „дружења“ нека бидат што покуси за бебето да може поедноставно повторно да заспие.

Прерано будење

Ако ваѓето бебе наеднаш почне да се буди порано од претходно, веројатно станува збор за сепарациска анксиозност. Штом го земете бебето во прегратки, тоа ќе заспие затоа што вие сте сѐ што му треба на бебето. Тука не можете да направите ништо друго, само тешете се дека ова нема да трае премногу долго и дека еднаш повторно ќе можете да спиете.

Плаче кога ќе ја напуштите собата

Без оглед дали станува збор за оставање на детето во јасли или само обид да одите во купатило, детето кое има страв од одвојување ќе почне да плаче веднаш штом ја напуштите собата затоа што не е 100 отсто уверено дека ќе се вратите.

Иако искрадувањето додека детето не ве гледа може да ви изгледа како пољубезна опција, поздравувањето е многу важно. Воспоставите чувство на доверба со развивање на познатите рутини на поздравување – на пример, тоа може да биде бакнеж, прегратка и реченица како: „Бргу се враќам“. Детето ќе ги сфати вашите сигнали, затоа продолженото поздравување со солза во окото и неколкукратното враќање назад за да проверите дали е добро, нема да ви направат никаква услуга.

Се вознемирува веднаш штом го предадете на друга личност

До неодамна вашето бебе не можеше да ги дешифрира луѓето околу себе, го смируваа одредени мириси и звуци (најмногу вашиот мирис и звук), а со појавувањето на стравот од одвојување – кој почнува обично помеѓу шестиот и 12.месец од животот и може да се задржи во оваа мера и до третата година од животот, се појавува и спознанието дека сте вие најважната личност во неговиот живот. Кога еднаш ќе се појави таквиот страв, бебето најверојатно нема да биде среќно ако го предадете во рацете на друга личност.

Не сака да си игра само

Вашето бебе можеби претходно си седеше и си играше среќно со своите играчки, но сега изгледа како да е неспособно да се преокупира самото себе со било што ако вие не сте во близина. Седете со детето и играјте си заедно извесно време, но ако треба да излезете од собата или барем да се преместите во другиот крај од собата, кажете му на детето каде одите и дека ќе се вратите за неколку минути. Секогаш кога ќе се вратите, се јакне довербата и еднаш кога неизбежно ќе мора да одите на подолго време, детето ќе знае дека секогаш ќе се врачате. Имајте трпение!

Фото: Pixabey

loading...