Пет начини да му измерите на детето температура без топломер

Кога телесната температура е над 37 степени, се смета за покачена. Ако немате топломер, искористете ги овие методи.

0
378

Топломерот можете да го заборавите кога ќе тргнете на одмор, да го изгубите или несакајќи да го скршите. Ако се сомневате дека детето има температура, а немате топломер, постојат и други начини да го утврдите тоа.

Руменило

Ако е детето премногу бледо, а потоа наеднаш добие руменило, ова е еден од главните симптоми на висока температура.

Малаксаност

Детето што има температура е безволно, не сака да се движи и најмногу сака да остане во кревет. Апетитот му е намален, и ако ги забележите овие симптоми детето сигурно има покачена температура.

Жед

Децата кои имаат покачена температура губат многу вода, такашто желбата за поголема количина течност исто така може да укажува на покачена температура.

Треска

Ако е времето топло, а детето седи завиткано во ќебе, веројатно има температура преку 38 степени.

Фото: Pixabey

loading...