Пет најголеми лаги за пукањето на водењакот

Веројатно ви се познати сцените од филмовите во кои породувањето задолжително почнува со пукањето на водењакот и брзањето кон родилиштето, меѓутоа, дали е тоа секогаш случај и во вистинскиот живот? Одговорот е - не.

0
348

Нормално е да се грижите доколку е ова ваша прва бременост. Еве кои се најчестите митови за водењакот.

1. Не постои предупредување дека ќе

  1. Не постои предупредување дека ќе дојде до пукање

Уште една ситуација која сме имале можност да ја видиме на малите екрани – на бремена жена среде продавница или на работа ѝ пука водењакот, оставајќи ја целосно збунета и изненадена. Иако не е можно точно да се каже кога ќе пукне водењакот, тој обично пука за време на породувањето – кога веќе некое време имате контракции. Ако вашиот водењак пукне пред да започне породувањето, обично имате некои знаци на предупредување, како што се благи контракции кои изгледаат како малку посилни менструални болки, а понекогаш дури и болка во грбот. Сепак, ниту една бременост или породување не се исти и не може да се споредуваат една со друга.

  1. Ќе почувствувате кога водењакот ќе пукне

Можеби ќе почувствувате, а можеби и нема. Можеби ќе почувствувате наплив на течност, протекување или чувство како да сте се измочале. Можете да го доживеете сето тоа, а можеби и ништо. Всушност, може да биде потешко отколку што сте замислиле да откриете дека водењакот пукнал. Вагиналната секреција се интензивира кон крајот на бременоста, а крвав слузав чеп може да испадне додека грлото на матката почнува да созрева. Сето ова може лесно да се помеша со плодова вода, односно со пукање на водењакот.

  1. Породувањето почнува во истиот момент

Ако ви пукнал водењакот, не значи дека раѓањето започнало. Контракциите можат да започнат дури за неколку часа и да траат повеќе од 12 часа. Една од 10 жени доживува пукање на водењакот неколку часа пред да се породи. Колку долго ќе чекате зависи од неколку фактори, како што е позицијата на бебето, како и од тоа каква е процедурата во вашето родилиште. Многу жени немаат трпение и сакаат да ги забрзаат контракциите, но обидете се да не преземате ништо ризично и да ја чувате енергијата за она што допрва доаѓа.

  1. Водењакот не може да пукне прерано

За жал, ова не е точно. Околу 10% од жените доживуваат нешто што се нарекува предвремена руптура на феталната мембрана (ПРОМ). Станува збор за руптура на феталната мембрана што се случува пред почетокот на породувањето. Во повеќето случаи, се јавува близу до терминот за породување, сепак, ако се појави пред 37-та недела од бременоста, тогаш тоа е прерана предвремена руптура на феталната мембрана (ППРОМ). Симптоми на предвремена руптура се нагло излевање на течност и континуирано истекување на течноста. Лекарот потоа проверува дали пациентката чувствува контракции, дали има вагинално крварење, дали имала сексуален однос во последно време, дали има покачена температура.

  1. Може да го поттикнете пукањето на водењакот

Непосредно пред крајот на бременоста, бремените жени стануваат нервозни и нетрпеливи да се породат што е можно поскоро. Можете да најдете разни природни методи на Интернет кои можат да го забрзаат породувањето, но дури и научниците не се сосема сигурни што е тоа што го тера бебето да излезе надвор во одреден момент, па ако сте имале сексуални односи или сте јаделе зачинета храна малку пред да започнете да раѓате, не значи дека тие работи се виновни за ова. Веројатно станува збор за случајност, а ова е само уште еден мит.

Фото: Pexels

loading...