Пет причини кои можат да го одложат доаѓањето на млекото

Постојат неколку фактори кои можат да влијаат  на тоа млекото на мајката да надојде подоцна, а некои од нив се психолошката состојба на мајката, како и различни физички причини.

0
307

Моментот во кој млекото надоаѓа и кога мајката ќе може да си го нахрани своето дете со сопствените „ресурси“, е голем за секоја жена, особено ако млекото не ѝ дошло веднаш и морала да чека за ова.

Постојат различни дефиниции за тоа што е всушност „подоцнежно надоаѓање на млекото“. Некои стручњаци велат дека тоа е ако млекото не дошло за три дена (72 часа) по породувањето, а други – ако поминале 5 дена, односно 120 часа. Неколку фактори кои можат да влијаат на подоцнежно надоаѓање на млеко како што се психолошката состојба на мајката, како и различни физички причини.

Советничката за доење, мајка на две деца, психотерапевтка и авторка на книгата „The Newborn Baby Manual“, Рене Кам, објаснила што сѐ може да влијае на подоцнежно надоаѓање на млеко. Секако, како и кај сѐ друго, и ова не се однесува на сите мајки.

Дијабетес

Дијабетесот тип 1 и инсулинот кој се користи за гестациски дијабетес може да влијаат на подоцнежно надоаѓање на млеко кај родилките.

Царски рез

Сѐ уште не е целосно јасно дали може породувањето со царски рез да влијае на одложено надоаѓање на млекото. Но поради стресот кој го предизвикува таа операција и лековите кои се користат во текот на операцијата можно е на телото да му треба опоравување па млекото надоаѓа подоцна.

Пообилно губење на крв

Крварењето во текот и по породувањето може да доведе до значајно губење на крв што исто така може да биде една од причините зошто веднаш по породувањето жената не може да дои.

Големото губење на крв влијае на работата на хипофизата. Оваа жлезда е важна затоа што лачи два хормони важни за доењето: пролактин кој е одговорен за производство на млеко и окситоцин кој е одговорен за отпуштање на млекото од дојките. Тешкото оштетување на хипофизата во текот на породувањето се нарекува Шиханов синдром.

Заради губењето на крв телото е исцрпено, но и под стрес, што може да доведе до доцнење.

Дебелина

Големиот вишок на килограми исто така може да биде причина за доцнење на млекото. Истражувањето врз животни покажале дека дебелината може да влијае на развојот на дојките што подоцна создава проблеми кај доењето. Намаленото ниво на пролактин е забележан кај мајките со вишок килограми. Исто така, отпорноста на инсулин која се поврзува со дебелината, може да биде една од причините зошто доаѓа до доцнење на млекото.

Остатоци од постелката

Породувањето не е готово додека постелката не се одвои од матката и не излезе од матката. Ако не излезе целата постелка може да дојде до крварење или до воспаление, но тоа ќе го загрози и создавањето на млеко.

Фото: Pixabey

loading...