Пет сетила, еден свет

Отворениот месец на бесплатни прегледи и дијагностички евалуации во здружението „Интеракција плус“ од Скопје почна на 8.април, а ќе трае цел месец.

0
57

Под мотото „Пет сетила еден свет“, здружението „Интеракција плус“ од Скопје организира отворен месец на бесплатни прегледи и дијагностички евалуации на деца.

Отворениот месец опфаќа бесплатни логопедски и дефектолошки прегледи, при што ќе се овозможи навремено следење на психофизичкиот, когнитивниот и говорниот развој кај децата.

Отворениот месец на бесплатни прегледи и дијагностички евалуации започна вчера (8.април) и ќе трае до 8.мај.

Во Здруженито се спроведуваат корективни третмани за артикулација на гласовите, методи за потикнување на прозборувањето кај децата, корегирање на пелтечењето во говорот, правилно оформување на граматичката структура во говорот, техники и модели за подобрување на читањето и пишувањето, третмани во сензорна соба и бихевиорална терапија, Brain -Gym метода и други.

За закажувања и дополнителни информации јавете се на телефонските броеви: 071/973-362 или 078/ 245-484 секој работен ден од 12 до 20 часот.

loading...