Пиењето кафе или чај во бременоста може да влијае на големината на бебето

Според истражувањата, препорачаната дневна доза кофеин во бременоста е помалку од 200 милиграми.

0
538

Иако истражувањата велат дека препорачаната доза на кофеин која смеете да ја пиете во текот на бременоста, е помалку од 200 милиграми, се смета дека дури и помалку кофеин од таа количина, би можел да има негативни последици врз вашето дете.

Научниците од Универзитетот во Даблин направиле заедниччко истражување и под водство на лекарот Линг-Веи Чен проучувале 941 мајки родилки и нивните новородени деца. Дошле до заклучок дека кофеинот го ограничува дотокот на крв во постелката, што резултира со помала родилна тежина на децата или пак со прерано породување.

Како што навеле во резултатите од истражувањето, заради дополнителна пола шолјичка кафе кое секојдневно го консумирале во првото тримесечје, родилната тежина на бебињата се намалила 72 грама. Освен тоа, децата се родени и со помала должина и обем на главата.

„Им препорачуваме на жените кои се бремени или се обидуваат да забременат барем да го ограничат внесувањето на кафе и чај со теин“, изјавил д-р Чен за Ројтерс.

Фото: Pixabey

loading...