Плачењето е и за момчиња, создава мажи со силни умови и среќни срца

Колку пати сте слушнале дека солзите се само за девојчиња? Многумина сè уште се обидуваат да ги смират децата, особено момчињата, кажувајќи им да „не плачат“, но никој не треба да се срами од солзи. Имено, тие не се знак на слабост, напротив, имаат и некои здравствени придобивки.

0
99

Емоционалното плачење е здрав начин да се справите со стресот и/или со емоциите. Научниците открија дека солзите како одговор на некоја емоција содржат хормони на стрес (еден од нив е кортизол), пролактин, природно средство за ублажување болки (леу-енкефалин) и манган, кој го регулира расположението.

Токму поради комбинацијата на сето горенаведено се чувствувате подобро кога добро ќе се исплачете. Бидејќи хормонот на стрес го напушта телото, менталното здравје се подобрува и лицето се чувствува подобро.

„Кога им кажуваме на момчињата да не плачат, ние прекинуваме здрав начин на обработка на емоциите. Имено, кога стресните хормони се акумулираат без можност за ослободување, како резултат се појавуваат гнев, лутина и депресија. Момчињата не плачат, тоа е само еден од родовите стереотипи”, смета експертот за родителството Кетрин Трудо, па појаснува дека плачењето не е обележје на женственост.

„Научете ги вашите синови да плачат, научете ги да ги обработуваат своите емоции. Научете ги своите ќерки на емпатија, да го утешат момчето кое плаче и никогаш да не го исмеваат момчето (или мажот) кој плаче“, порачала таа преку својата веб-страница.

Плачењето ви помага да заздравите

Интерперсоналниот тренер Крис Амстронг ја потенцира важноста на плачењето како дел од процесот на лекување.

„Плачењето е излез што предизвикува помалку жртви отколку изолацијата, гневот или пасивната агресија. Плачењето е механизам за итно ослободување. Солзите можат да бидат терапевтски, без оглед дали сo нив се лекува момче кое поминало напорен ден на училишното игралиште или маж после раскинување на романтична врска“, смета  Армстронг.

Плачењето помага во спречување на ментални пореметувања

Можеби изгледа претерано, но професорот од Харвард, Вилијам Полак, ги претставил резултатите од своето истражување за спречување на насилството кај младите, а еден од податоците што ги истакнал е дека гневот и прекинувањето на љубовните врски сѐ повеќе се причина за АДХД и депресија кај младите мажи.

Поточно, Полак тврди дека идејата дека момчињата треба да бидат цврсти и независни, честопати ги тера да не покажуваат емоции, што може да доведе до гнев и депресија. Решение? Научете го вашето момче да не ги турка емоциите под тепих.

Фото: Pixabey

loading...