Плачи синко, ќе ти биде полесно!

Да разјасниме, ниту на девојчињата, ниту на машките не треба да им велиме да не плачат бидејќи на тој начин само им ставаме до знаење дека не е во ред да го чувствуваат тоа што го чувствуваат. Во ред е да се плаче, дури и ако си машко, дури и ако си маж!

0
122

Како прво, на ниту едно дете, без оглед на полот, не треба да му се кажува дека не смее или дека не треба да плаче. На тој начин само им порачуваме дека не е во ред да го чувствуваат тоа што го чувствуваат. Им кажуваме дека нивните чувства не се битни. Тоа не е она на што сакаме да ги научиме своите деца.

На момчињата особено често им се праќа порака дека е плачењето знак на слабост, или уште полошо, дека момчињата не треба да го прават тоа, туку само девојчињата. Секако, оваа порака ги понижува девојчињата во однос на момчето кое тоа го слуша. Пораката не е едноставна „Ти си како девојче“. Вистинската порака е всушност „Девојчињата се слаби, и ти си“.

Притоа, не се слаби ниту девојчињата кои плачат, ниту пак се слаби момчињата.

Постои едноставен доказ дека спречувањето на момчињата да плачат води кон нездраво искажување емоции.

Тоа е затоа што емоциите нема едноставно да исчезнат. Тие како енергија, која ниту може да се создаде, ниту да се уништи, туку едноставно поминува низ нас, расте низ комбинација на ситуации и системи во мозокот, и пронаоѓа начин да излезе. Ако тоа не се случи преку солзите, тогаш низ бес и насилство. Не можеме едноставно да избереме да не искажуваме емоции. Тие сами на некој начин ќе мораат да излезат.

Плачењето не е резервирано само за девојчињата и родителите кои им забрануваат на синовите да плачат, прават голема грешка. Особено е важен периодот помеѓу шестата и седмата година, затоа што тгаш почнуваат да ги прифаќаат друштвените норми и правила, меѓу кои е и она дека „солзите се знак на слабост, мажите мора да бидат јаки и никогаш не смеат да плачат“.

На таа возраст, татковците им се главен пример на синовите, а во нормални околности речиси е невозможно да се видат солзи во очите на татковците. Во желбата да се идентификуваат со нив и да станат „вистински мажи“, момчињата ги заддржуваат солзите, а кога не можат да се исконтролираат и им подегнуваат на емоциите, чувствуваат срам дека згрешиле и излегле слабаци.

Според психолозите, како што детето расте, има помала потреба да плаче заради секоја ситница, што значи дека станува позрело и не доживува сѐ толку емотивно. Пофалете го поради тоа, но важно е претходно да го научите дека солзите не се знак на слабост. Ако тоа верува во тоа и и ги крие или ги задржува солзите, покажете му снимки на познати мажи, спортски јунаци, кои без страв ги покажуваат емоциите.

Не е лесно да се канализираат емоциите, особено на момчињата, затоа што од нив се очекува да бидат помалку чувствителни од девојчињата. Среќните и возбудливи настани исто така го креваат адреналинот, а солзите радосници се одличен „издувен вентил“ преку кој организмот се ослободува од тензиите. Освен тоа, тие ја „чистат“ душата и ги лекуваат емотивните рани. Во тешки ситуации, родителите, а пред сѐ, таткото како главен пример за машкото дете, би требало да го прегрне синот и да му дозволи да плаче колку што сака, истакнуваат психолозите. Зборовите: „плачи, ќе ти биде полесно“, делуваат лековито и го бришат чувството на срам кај момчињата. На таа возраст поддршката од таткото и утехата се многу поважни од нежната прегратка на мајката, затоа што од седмата година момчињата почнуваат да се осамостојуваат од мајчината заштитничка закрила обидувајќи се да изградат машки идентитет.

Фото: Pixabey

loading...