Побрзо проодуваат кога ползат

Лекарите велат дека ползењето е добро, затоа што така децата полесно и побрзо проодуваат, постабилни се, посигурни и поретко паѓаат.

0
146

Во осмиот месец бебињата веќе можат самостојно да седат и ја менуваат положбата такашто се дочекуваат на испружената рака, а потоа почнуваат да ползат на стомак. Тогаш се веќе доволно големи и желни да се запознаат со околината. На многу родители им е симпатично кога ќе видат како нивните бебиња ползат, но некои се грижат дека на тој начин ќе го одложат проодувањето. Меѓутоа, лекарите велат дека ползењето е добро, затоа што така децата полесно и побрзо проодуваат, постабилни се, посигурни и поретко паѓаат.

„Не им го ускратувајте ова задоволство, туку дозволете им да ползат. Уште околу седмиот месец сами мотивирајте ги побрзо да проползат. Ставете пред нив нешто што им се допаѓа и што ќе ги мотивира да тргнат“, советува доктор Мајкл Корф.

На почеток бебињата ќе лазат на стомакот, потоа на „четири нозе“, односно, потпирајќи се на испружените раце и на колената. Некои бебиња имаат своја лична техника, па дозволете им сами да ја изградат.

loading...