Повеќето бебињата родени од сурогат мајки во Украина сѐ уште ги чекаат своите родители

Контроверзното видео од Киев со стотина бебиња кои поради коронавирусот не можат да отпатуваат со идните родители е причина за многу насловни страници во медиумите. Меѓу оние родители чие бебе е меѓу овие стотина, е и сега веќе двомесечниот син на една двојка од Аргентина.

0
368

Кога Флавија Лаворино решила да има дете со помош на сурогат мајка, ја погледнала мапата, ја пронашла Украина и го пресметала растојанието. Околу 12.800 км го одделуваат Буенос Аирес во Аргентина од украинската престолнина – Киев.

Со својот партнер Хозе Перез со кого е во врска 15 години, таа го пробала секој можен третман за лекување на неплодност. Успеала да забремени само еднаш по пат на сложена и емотивно тешка процедура, но имала абортус.

„Значи, кога добивме потврда дека нашата сурогат мајка во Украина е добро и дека бременоста напредува, навистина бевме пресреќни“.

Тие не можеа да предвидат дека, за време на раѓањето на нивното бебе, тие ќе бидат во изолација од другата страна на Атлантикот поради пандемија на коронарна вирус. Нивниот син сега има повеќе од седум недели, но сè уште не го запознале.

„Ова е најлошиот кошмар. Замислете да чекате дете толку долго, а потоа да мора да чекате уште подолго, без јасна идеја за тоа кога ќе ви биде дозволено да патувате. За нас е многу тешко “.

Украина, како и многу други земји, ги затвори своите граници во обид да го ограничи ширењето на вирусот „Ковид-19“, во кој загинаа повеќе од 300.000 луѓе ширум светот. Ова остави стотина бебиња родени со помош на сурогат мајки во Украина, да чекаат нивните родители да дојдат од странство за да ги земат.

Аргентина, исто така, воведе забрана за патување за сите комерцијални летови до септември, па оваа двојка не може да планира патување во блиска иднина.

Ние мораме да бидеме со него

„Физичкиот контакт е клучен во овој момент. Тој мора да биде со нас и ние мора да бидеме со него “.

Двојката го започнала процесот со својата сурогат мајка во декември 2018. година и отпатувале во Киев четири месеци подоцна за лекарите и ембриолозите да добијат ембрион од нивните репродуктивни клетки. Ембрионот потоа беше пренесен во матката на гестацискиот носач (мајка сурогат), која беше избрана преку локалната клиника. Ова е важно да се напомене затоа што многумина веруваат дека сурогат мајките донираат и свои репродуктивни клетки, што е многу, многу редок случај – скоро никогаш не се случува. Најчесто, сурогат мајката ја носи бременоста за двојка која има свои репродуктивни клетки, но не постои можност жената да ја износи бременоста.

„Никогаш не сме се сретнале со нашата сурогат мајка. Клиниката управуваше со врската и не знаеме многу за ова. Знаеме дека нејзината надокнада е платена“.

Комерцијалното сурогат мајчинство е легално во Украина и е исто така голем бизнис. Иако имаше загриженост поради нивото на надзор на оваа индустрија, која значително се прошири во последните години.

Цената на просечниот пакет на асистирана репродукција се движи од 30.000 до 50.000 долари, а ваквите бројки се многу пониски во споредба со цените во САД и другите земји каде е дозволено комерцијално сурогат мајчинство.

Оваа аргентинска двојка ги собрала парите со помош на заеми од семејството. Тие не кажале колку пари потрошиле на што, но веројатно е дека половина од парите отишле кај сурогат мајката.

„Кога добивме потврда дека трансферот е успешен на крајот на јули, започнавме да ги планираме сите детали. Сакавме да патуваме неколку дена пред терминот за породување – кој беше на 10 април. Во меѓувреме, ја преживеавме оваа бременост преку месечните прегледи кои ни ги испраќаа од клиниката “.

Од оптимизам до очај

Двојката резервирала лет за 2 април, со трансфер во Мадрид. Бидејќи епидемијата на вирусот корона започна да се шири и ја зафати Шпанија, тие сфатија дека нивното патување можеби нема да се случи како што било планирано.

„На почетокот не мислевме дека воопшто нема да можеме да патуваме. Мислам дека го имавме тој лажен оптимизам, повеќе личеше на она – ах, можеби ќе треба повеќе време за да стасаме во Украина. Продолживме да планираме дури и додека гледавме дека аеродромите почнуваат да се затвораат насекаде. Оптимизмот не се губеше “.

Бидејќи европските земји ги затворија своите граници и Аргентина прогласи карантин кон средината на март, двојката почнала да очајува.

„Бев преплашена. Знаевме дека околностите се исклучителни, но ги потценивме последиците“.

Сè беше дополнително комплицирано со фактот што обајцата работат во здравството. Таа е социјален работник, а тој е доктор во одделот за интензивна нега во болницата каде се лекуваат пациенти со „Ковид-19“. Како клучни работници, на почетокот не им било дозволено да земат одмор.

„Почнавме редовно да комуницираме со координаторите на украинската клиника кои зборуваат шпански преку„ WhatsApp“ за да смислиме план“.

Останете таму каде што сте – беше една од пораките. Клиниката одредила место за престој за нивниот син кадешто ќе биде додека не дојдат по него.

„Ни рекоа дека сите новородени бебиња ќе бидат безбедни, добро хранети и згрижени… Тие нè смирија, барем колку што е можно, на човечки начин“.

„Нашата сурогат мајка ја прашала клиниката дали може да ни испрати порака на WatsApp  и напиша дека имала среќна бременост, дека е горда што го остварува нашиот животен сон. Никогаш не добивме шанса да ја запознаеме, но ѝ кажавме дека таа го пополни нашето семејство и засекогаш ги смени нашите животи“.

Хотел за бебиња

Украинската клиника се согласила сите бебиња родени со помош на сурогат мајки да останат во мал хотел што компанијата го поседува во предградието на Киев.

Покрај синот на оваа аргентинска двојка, околу 50 новороденчиња биле згрижени во голема градинка во стил на голема спална соба.

„Таму се грижат за основното здравје на бебињата и за нивнот развој. Сепак, никој нема да може да му ја даде родителската љубов во текот на овие пресудни први недели. Тоа е ужасно. ”

Бројот на бебиња сместени во хотелот може да се зголеми ако продолжат ограничувањата за патување.

„Имаме кинески бебиња, италијански, шпански, британски“, вели портпаролот на овој ИВФ центар во кој се сместени бебињата.

Хотелот обично се нуди како сместување на биолошките родители кои доаѓаат во Украина за да си го земат своето дете. Сега го водат тим на медицински сестри кои работат нон-стоп, под строги карантински правила.

Видеото кое центарот го постави на својата веб-страница пред неколку дена, а кое беше објавено од медиумите ширум светот, го покажува бројот на бебиња родени од сурогат мајки што не може да се преземат заради моменталната состојба со корона вирусот.

Овие слики ја повторија дебатата за, како што велат критичарите, слабо контролираниот „бизнис за правење бебиња“ во оваа источноевропска земја.

Од 2015 година, кока почна да се гаси процесот на сурогат мајчинство во Азија, Украина стана глобален центар за комерцијално сурогатство.

Со релативно ниски цени, во споредба со другите земји, олабавување на регулативите и зголемената побарувачка од странство, украинските клиники за репродуктивно здравје цветаат.

Многу украински жени, претежно од малите градови или од рурални области, ова го гледаат како финансиска можност, но исто така и како желба да им помогнат на двојките кои нее можат да имаат потомство. Комплетниот пакет може да чини околу 50.000 УСД, а сурогат мајката може да заработи помалку од половина – но сепак тоа се многу пари според украинските стандарди.

Сурогат мајката мора да има најмалку едно свое дете. Таа нема да има генетска врска и никогаш нема да се грижи за новороденчето. Ова е строго правило кое има за цел да спречи какво било емоционално поврзување.

Карантинот изнесе на виделина некои тешки вистини за кои се чини дека украинските здравствени работници ги игнорирале. Никој не знае точно колку деца се раѓаат секоја година преку сурогат мајчинство. Два месеци по заклучувањето, најмалку 100 бебиња се одвоени од нивните родители.

Детските креветчиња во хотелот се распоредени во редови, имињата се напишани со силни бои на креветчето на секое бебе. „Многу ни е жал затоа што знаеме дека никој не може да ги замени нивните родители“, вели една од медицинските сестри што се грижи за нив.

Дипломатски преговори

Границите на Украина се затворени од март, но некои семејства успеале да патуваат со посебни дозволи. Преговорите се водат и со украинските власти, преку амбасадите и конзулатите на матичните земји на родителите. Досега им е дозволено на родителите на 15 бебиња, вклучително и на брачна двојка од Шведска, која пристигнала во украинскиот главен град со приватен авион, платен од анонимен донатор.

Во Аргентина има уште 16 семејства кои се во иста позиција како оваа двојка. Три бебиња веќе се родени, а другите треба да се родат на крајот на мај и септември. Родителите покренале заедничка петиција, барајќи од двете влади да го слушнат нивното барање.

„Чекавме околу 20 дена, бидејќи сфаќаме дека ова се многу комплицирани времиња. И тогаш испративме законско барање “.

Преговорите продолжија и Украина се согласи да ги пушти во земјата. Тие сега бараат од аргентинската влада да одобри лет од хуманитарни причини. Се надеваат дека ќе добијат решение „пред крајот на месецот“. Но, чекањето нема да заврши кога ќе слетаат во Украина.

„Ќе мораме да се изолираме 14 дена пред да го видиме нашиот син“.

„Тоа има смисол затоа што има ризици поврзани со летањето низ целиот свет, и тоа е мудро во погглед на доброто на бебето“.

Потоа, тие ќе треба да ја обработат документацијата на бебето пред да се вратат во Аргентина – ако им се дозволи пред официјално да се отворат границите.

 „Во моментов, ние не се грижиме за тој друг дел од патувањето. Имаме син кој има седум недели и кој е далеку, мора да стигнеме таму и тогаш ќе видиме што понатаму. Беше толку тешко да се дојде до овој момент да имаме бебе, толку физички и емотивно исцрпувачки. Потребно ни е ова чекање да заврши. Мораме да го запознаеме. За сѐ друго ќе се погрижиме подоцна “.

Извор: Би-Би-Си

loading...