Повеќето деца го добиваат првиот мобилен на 7 години, а до 11 го имаат сите

Според годишното истражување за употребата на модерна технологија кај младите, повеќе од половина од децата признале дека спијат со мобилните телефони

0
116

Извештајот Childwise report открива дека децата добиваат мобилни телефони сѐ порано, а сега повеќето имаат свој телефон уште на возраст од седум години, пренесува БиБиСи.
Просечното време кое децата на возраст меѓу седум и 16 години го поминуваат на мобилен телефон е три часа и 20 минути.
Научникот Сајмон Легет вели дека мобилните телефони можат „да доминираат со животот на децата“.
Со оглед на тоа што телефоните се толку често при рака како „приватна и лична технологија“, Легет вели дека тоа може да им отежни на родителите да ги ограничат своите деца во нивното користење.
Истражувањето опфатило 2.200 деца во Велика Британија на возраст меѓу пет и 16 години и покажало колку е важна улогата на мобилните телефони во животот на младите луѓе.
57% од нив ги чуваат своите мобилни телефони цело време во кревет, а 44% рекле дека се чувствуваат многу непријатно доколку немаат телефонски сигнал.
Од нив, 42 проценти рекле дека никогаш не се одвоиле од мобилниот телефон и никогаш не го исклучиле.
Иако децата добиваат телефони сѐ помлади, 11-годишната возраст е време кога го имаат речиси сите.
Телефоните на повеќе од 70 проценти од децата се поврзани на Интернет.
Мобилните телефони се исто така главен пат на децата до Интернет, без оглед дали ги користат за разговор, гледање забавни содржини или за добивање информации.
Младите слушаат музика на своите мобилни телефони многу почесто отколку на радио.
Јутјуб останува доминантен и го користат секој ден 61% од децата, најчесто преку мобилните телефони.
Тоа е најпопуларната апликација и веб-страница за оваа возрасна група, особено за гледање на хумористични видеа, слушање музика и пребарување за упатства.
Следуваат Snapchat, Инстаграм и годинешната ѕвезда во подем Тик Ток. И WhatsApp се користи редовно.
Во таа взрастна група Фејсбукот не е ниту помеѓу 10 најомилени апликации.
Во поглед на гледањето на програми Јутјуб е на прво место, а го следи Нетфликс.
Само секое петто дете рекло дека најчесто гледа програми на ТВ.
„Тоа што детето поседува сопствен мобилен телефон може да биде предизвик за родителите да следат што гледа нивното дете на Интернет затоа што станува збор за таква приватна технологија, а и тие буквално го држат постојано до себе“, вели Легет.

Фото: Pixabey

loading...