Погледнете колкава штета им прави модерната технологија на претшколските деца

Проблемите се влошуваат па родителите се замолени да внимаваат на времето што нивните деца го трошат на таквите уреди и овојпат уште посериозно се предупредуваат дека тоа време мора да им се ограничи.

0
500

Кога зборуваме за негативните последици од модерната технологија на децата, за ова речиси не размислуваме, а тоа е многу важно, особено за децата од предучилишна возраст.

Не можеме настрана да го оставиме и психолошкото влијание кое модерната технологија го има врз децата, прекумерните часови во кои како зависници не дозволуваат да бидат тргнати од екранот, па дури и штетата поврзана со врсничко насилство подоцна во училиштето.

Сѐ почнува од мали нозе, а стручњаците се заради ова влијание на модерната технологија позагрижени од било кога.

Имено, модерната технологија не го сменила само начинот на кои денешните деца го минуваат своето време, таа негативно влијае дури и на мускулната структура на нивните раце.

Сетете се само колку е важно за децата од предучилишна возраст да цртаат и да бојат!

Со тие активности децата ги развиваат мускулите на рацете, ја развиваат својата моторика, сето тоа им е важно за да можат еден ден во училиште правилно да пишуваат и со тоа понатаму да ги развиваат рацете за посложени и пофлексибилни активности.

Модерните деца, оние кои се прилично изложени на користење на модерни апарати со тачскрин екрани, веќе сега покажуваат закржлавеност на моториката на рацете.

„Децата денеска се мачат правилно да го држат моливот во рака, затоа што употребата на разни тачскрин екрани го забавува развојот на мускулите во нивните прсти“, сложни се стручњаците поради што продолжуваат да ги предупредуваат родителите дека децата не би требало да бидат изложени на екраните чувствителни на допир во толку важна етапа од нивниот развој.

Тие деца со поаѓањето во училиште уште долго се мачат со правилното држење на моливот во рака, заради што ќе им треба многу подолго отколку на децата од минатото, за да ги совладаат основите на пишувањето и цртањето.

Главната педијатриска терапевтка во фондацијата Heart of England Foundation NHS Trust, Сали Пејн, исто така нагласила дека сѐ повеќе децата кои тргнуваат на училиште немаат развиени темелни вештини на движењата на рацете кои се важни за пишување и за цртање.

Објаснила дека на децата им треба силна контрола на нивните фини мускули за да можат да го држат и да го движат моливот, што не беше случај со децата пред десетина години.

Проблемите се влошуваат, па родителите се замолени да го контролираат времето кое нивните деца го трошат на таквите уреди па овојпат уште посериозно предупредуваат дека тоа време мора да се ограничи.

Неколку часа дневно е секако премногу за предучилишно дете кое во таа фаза од развојот толку часови дневно би требало да троши за цртање и за вежбање на своите раце.

Затоа секако потрудете се да им го скратите времето пред екраните, а штетното влијание компензирајте го со зголемена сатница за цртање. Секако, не по екран, туку со молив и со боици по хартија.

loading...